Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Има документи со кои се сведочи дека СДСМ врбува гласачи
ВМРО-ДПМНЕ денеска информираа дека до нив биле доставени документи од членови на СДСМ со кои сведочеле за тоа дека социјалдемократите врбуваат граѓани кои мора да гласаат за нив.
ВМРО-ДПМНЕ денеска информираа дека до нив биле доставени документи од членови на СДСМ со кои сведочеле за тоа дека социјалдемократите врбуваат граѓани кои мора да гласаат за нив.
„Поседуваме документација од повеќе општински организации на СДСМ што докажува дека СДСМ оваа акција ја спроведува на републичко ниво. ВМРО-ДПМНЕ целосната документација ќе ја достави до Државната изборна комисија, МОСТ, мисијата на ОБСЕ и до странски дипломатски претставништва во државата“, рече Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој покажа документ со потпис од генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров и со официјален печат од СДСМ. Документот како што рече Ристовски е задолжение за секој член на СДСМ да обезбеди по 20 лица кои на претстојните избори со сигурност ќе гласаат за СДСМ.
Со друг документ како што посочи Ристовски се покажува дека лица-капитени се задолжени за реализација на проектот, како и упатство за врбување на граѓани. Тврди дека постои и прецизен список.
„Во документацијата ја има и изјавата на актуелниот потпретседател на СДСМ Зоран Заев кој на партиска трибина говори за проект на СДСМ со кој се задолжуваат членовите да обезбедат сигурни гласачи“, образложи Ристовски.
Документацијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ја достават и до Јавното обвинителство кое ќе има за задача да ја утврди веродостојноста и да го расветли сомнежот дали СДСМ врши манипулација и поведување на граѓаните да гласаат за нив. Очекуваат од Јавното обвинителство да покрене случај кој потоа ќе се процесира низ судските инстанци./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ во официјална посета на Србија
Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“, во организација на Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Во своето обраќање на конференцијата министерот Стоилковиќ ќе истакне дека е чест и задоволство да се обрати на настан посветен на клучни теми кои ја отсликуваат реалноста и ја обликуваат иднината на регионот – регионалната интеграција, европската перспектива и економското поврзување.
Во рамки на престојот во Белград, потпретседателот и министер Стоилковиќ ќе оствари и работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. На средбата ќе се разговара за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициони проекти, како и заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Македонија на 2 и 3 декември.
„Посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
По завршувањето на средбата предвидени се изјави за медиуми“, соопштија од кабинетот на Стоилковиќ
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.

