Свет
ТРОШИМЕ ПОВЕЌЕ МЕТАДОН ОД СРБИЈА И АЛБАНИЈА ЗАЕДНО
Метадонот е лек што најчесто се користи како замена за хероинот и за опијати при лекување на наркозависници
Метадонот е лек што најчесто се користи како замена за хероинот и за опијати при лекување на наркозависници
Македонија годишно троши околу 27.000 грама метадон, што е повеќе отколку потрошувачката на Србија и на Албанија заедно, кои вкупно користат 23.000 грама, покажува најновата анализа на Интернационалниот контролен борд за дрога на Организацијата на Обединетите нации. Метадонот е лек што најчесто се користи како замена за хероинот и за опијати при лекување на наркозависници.
Анализата на Контролниот борд ги покажува потребите за наркотични средства и за психотропни супстанции за секоја земја во светот во текот на 2006 година.
Според податоците, Македонија, од земјите на Балканот, годишно троши повеќе метадон од Србија – 20.000 грама, Албанија – 3.000 грама, Хрватска – 15.000 грама и од Босна и Херцеговина – 7.922 грама. Помалку метадон нашата држава користи од Словенија – 45.000 грама и од Грција, која троши 186.170 грама метадон.
Најголем производител, но и потрошувач на метадон во светот се Соединетите Американски Држави, кои годишно трошат 13,9 тони од овој лек.
За и против употребата на метадонот
Употребата на метадон при лекување на хероинската зависност е дискутабилна.
Оние што ја поддржуваат метадонската терапија тврдат дека лицата што се лекуваат на овој начин ја намалуваат интравенската употреба на хероин. Тие објаснуваат дека лекувањето се метадон е ефикасен начин за спречување на заразувањето со сида, хепатитис и други заразни болести. Економичноста е уште една од предностите при употребата на метадонот за лекување на наркозависниците.
Од друга страна, пак, критичарите тврдат дека наркозависниците стануваат робови на метадонот и не се одвикнуваат од зависноста. Според нив, многу често доаѓа до злоупотреба на метадонската терапија, така што зависниците го продаваат метадонот за потоа повторно да купат хероин. На тој начин се создава таканаречен маѓепсан круг од кој зависникот никогаш не излегува. Сепак и покрај големиот број противници, метадонската терапија се применува во многу држави како ефикасен и докажан начин за лекување на зависниците. Светската здравствена организација, Агенцијата за контрола на сидата и Канцеларијата за дрога и криминал на ООН сметаат дека метадонот е лек и ефикасно и докажано средство за спречување на заразувањето со сида.
Ефикасна замена за хероинот
– Лицата зависни од хероин речиси секои шест часа, гонети од ужасниот страв од криза, мора да најдат дрога, за што се потребни пари и време. Соодветната доза на метадон што ја определува лекар, а која се зема орално, ефикасно го спречува развојот на хероинската апстиненцијална криза. Метадонот секогаш се применува кај лица со веќе развиена зависност од хероин, објаснуваат од здружението „Инфо-дрога“, на чија бесплатна СОС-линија секојдневно се јавуваат граѓани што имаат проблеми со дрогата.
Тие велат дека, за разлика од принудната употреба на хероин, што доведува до тешки оштетувања на здравјето, како и до девијантно однесување и склоност кон криминал, при користењето на метадон се елиминираат овие последици.
Во Македонија, метадонот се користи во јавната здравствена установа Психијатриска болница „Скопје“, во Дневната болница за превентива и лекување на зависност од дроги во Кисела Вода, во неколку здравствени домови во земјава и во затворите.
– Лекувањето со метадонот може да биде краткотрајно – за детоксикација или, пак, долготрајно – за таканаречено одржување на зависникот. За повеќето пациенти, ефикасната доза е од 60 до 120 милиграми метадон на ден, а од друга страна, пак, голема доза хероин може да го убие корисникот. Успехот во лекувањето со метадон е поголем ако некој е поблиску до горната граница на дозирање и ако се применува со психолошка и социјална поддршка, со учество на семејството и со потесната средина – велат во „Инфо-дрога“
СОС-линијата за помош од дрога е хуманитарна, непрофитна телефонска линија што се залага за унапредување на социјалната и здравствената благосостојба на граѓаните на Македонија. Линијата за помош од дрога во минатиот месец одбележа три години од своето постоење.
Над 1.800 граѓани побарале помош на СОС-линијата
Примарна задача на СОС-линијата за помош од дрога е унапредување на превентивата од употреба на дрога и од заразување со ХИВ/СИДА и со други инфекции преносливи по сексуален пат.
За три години на СОС-линијата за помош од дрога се јавиле над 1.800 граѓани, а биле поставени над 4.000 прашања. Најголемиот број јавувања биле од млади луѓе, но често помош барале и родители загрижени за здравјето на своите деца. Триесет отсто од јавувањата биле од Скопје, а потоа следат Куманово, Охрид, Прилеп, Штип, Кавадарци, Струга и Струмица.
Според видот на информациите што се барани, најголем интерес се пројавува за државни и приватни институциите за лекување, за видовите на дрога, нивни дејства, за последиците и за тестирање за утврдување на присуство на дрога во организмот. Најчесто, оние што се јавувале на операторите им соопштуваат здравствени проблеми предизвикани од употребата на дрога и ризични сексуални односи, семејни и финансиски проблеми. Поради секојдневниот интерес на јавувачите да остварат директен контакт и да поразговараат за својот проблем, во рамките на СОС-линијата функционира бесплатно советувалиште за граѓаните на Македонија.
Во „Инфо-дрога“ велат дека користењето метадон не предизвикува еуфорија, а со неговата примена се нормализира оштетувањето на имунолошкиот систем.
Тие објаснуваат дека метадонската терапија, ако правилно се употребува, не го оштетува интелектот и помнењето на зависникот.
Создавањето на СОС-линијата за помош од дрога е во сообразност со националните цели за создавање стратегија за намалување на побарувачката на дрога и со активностите на Македонија за придружување кон Европската Унија, во чија Стратегија за контрола на дрога, телефонските линии за дрога се наброени како значајна превентивна компонента.
Александар Манасиев
Синдикатот бара оставка од директорот на болницата
Ако најдоцна до среда директорот на битолската Клиничка болница, д-р Дејан Ристевски, не ја обезбеди јулската плата за вработените, синдикатот ќе бара тој да си поднесе неотповиклива оставка.
Првиот синдикалец на битолското здравство Љубиша Каранфиловски вели дека во минатиот месец, по барање на директорот, им биле закинати по 1.000 денари од општествената исхрана и делот наменет за кредити.
– Не можеме да кажеме каде отидоа тие пари. Ние само вршиме притисок директорот да ја исплати јулската плата и, од каде знае, да ги врати задржаните пари – изјави тој.
Синдикатот не знае ни каде завршиле 430.000 евра од продажбата на акции на болницата во Стопанска банка – Битола пред изборите.
Д-р Дејан Ристевски, кој деновиве се врати од годишен одмор, е недостапен за новинарите.
За овие случувања во битолската болница се известени полицијата и Финансиската инспекција, кои ги чешлаат документите.
Според синдикалците, сметката на Клиничката болница е блокирана подолго време поради многубројни извршни судски решенија од фирми кои побаруваат 60 милиони денари. Здравствените работници веќе два месеца се без сини картони. Долговите на здравствениот сектор изнесуваат 1,5 милион денари.
На последниот состанок на синдикалниот совет беше посочено дека во првите шест месеци од годинава Клиничката болница од Фондот за здравство добила над два милиона евра повеќе од планираното, а состојбите наместо да се санираат се влошиле.
(Р.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

