Македонија
СПЦ за односите со МПЦ

Српската православна црква (СПЦ) денеска го почна редовниот сабор на кој се очекува да расправа и за односите со Македонската православна црква (МПЦ)
Српската православна црква (СПЦ) денеска го почна редовниот сабор на кој се очекува да расправа и за односите со Македонската православна црква (МПЦ), чија автокефалност не ја признава.
Не е познато колку ќе трае редовниот мајски сабор на СПЦ, бидејќи тоа зависи од дневниот ред, кој допрва треба да биде усвоен.
Заседанијата на СПЦ вообичаено започнуваат со поднесување извештаи на владиците од епархиите со кои раководат, а со години наназад на саборите редовно се расправа за состојбата на Косово и за односите со МПЦ./крај/фонет/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
(Видео) Со „ауди“ се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел: полицијата го пронајде и казни возачот

МВР соопшти дека го пронашле и го казниле возачот кој со автомобил се движеше по велосипедска патека во скопската населба Бутел.
Од таму велат дека во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот“.
„Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба“, соопшти полицијата.
Македонија
Меџити: ЕУ останува главен донатор во секторот за животна средина

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска беше домаќин на работна средба со Мајкл О’Флаерти, комесар за човекови права при Советот на Европа, кој престојува во неколкудневна посета на Македонија.
За време на средбата, Меџити ја изрази определбата на Македонија да ги интензивира напорите за целосно усогласување на законодавството и државните системи со законите и политиките на Европската Унија во областа на животната средина и климата.
„Овие напори јасно се рефлектираат во секторските стратегии и политики кои вклучуваат силни законодавни мерки, зајакнување на националните капацитети за имплементација на правото на ЕУ, како и значителни инвестиции во инфраструктурата и новите технологии“, рече Меџити на средбата, додавајќи дека во процесот на хармонизација со европското законодавство, Македонија може да бара транзициски периоди, особено за Поглавјето 27, како едно од најпредизвикувачките и најскапите за земјите што преговараат со ЕУ.
Ова поглавје е дел од Кластерот 4, кој вклучува области како што се патната инфраструктура, дигитализацијата, обновливите извори на енергија и заштитата на природните ресурси.
Во овој контекст, Меџити изрази благодарност за континуираната поддршка на Европската Унија, која останува главен донатор во секторот за животна средина во Македонија, која вклучува инвестиции во обновливи извори на енергија, како соларни и ветерни паркови, преминот од јаглен, проекти за поврзување на гасниот систем со Косово и Србија, како и проекти за управување со отпад и отпадни води.
Меѓу главните проекти поддржани од ЕУ се затворањето на дивите депонии, изградбата на регионални системи за управување со отпад во пет региони и изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Скопје.
За Македонија, најголемите предизвици за Поглавјето 27 остануваат во областа на управувањето со води и отпад. Акцискиот план за имплементација на Директивите за отпадни води и вода за пиење предвидува вкупен трошок од околу 1,2 милијарди евра и рок за имплементација до 2041 година.
Со овие средства е предвидена изградба на 87 пречистителни станици, од кои 16 ќе имаат напредно терциерно пречистување, додека за системот за управување со отпад се потребни околу 300 милиони евра.