Македонија
Заедно да ја исполниме желбата на Тоше
Македонската непреболена музичка ѕвезда и хуманист Тоше Проески имаше голема желба да го направи манастирот Св.Преображение, па затоа овогодишниот концерт што ќе се одржи во чест на Тоше, средствата ќе ги намени за пуштање на струја во манастирот.
Македонската непреболена музичка ѕвезда и хуманист Тоше Проески имаше голема желба да го направи манастирот Св.Преображение, па затоа овогодишниот концерт што ќе се одржи во чест на Тоше, средствата ќе ги намени за пуштање на струја во манастирот.
Концертот и новиот постхумен албум на најголемата македонска пејачка ѕвезда што ќе биде промовиран на ден пред неговиот роденден, 24 јануари 2010 год., за кога е предвидено да се одржи голем хуманитарен концерт во чест на нашата икона. Концертот се води под мотото „Со хуманост до светлина“.
Како што најавија од Меѓународната фондација Тоше Проески во Скопје се очекува да пристигнат неколку големи ѕвезди од бившите ЈУ-простори, блиски пријатели и соработници на македонскиот пејач, кои ќе настапат со песни напишани од перото на Тоше Проески. Станува збор за осум композиции, што се создавани во последните две години од животот на Тоше, во периодот од 2005 до 2007 година, од кои најголемиот дел се балади.
Пејачи што ќе ги пеат песните, напишани од Тоше се : Аки Ракимовски, Борис Новковиќ, Тони Цетински, Елена Ристеска, Калиопи и други. На самата прес – конференција од фондацијата најавија и видео запис за песната „Guilty“, кој ќе се реализира наскоро.
ЕВН се наоѓа како главен покровител на концертот и веќе работи на проект за да се пушти струја во манастирот иако е многу сложен процес, тие изјавија дека им е привилегија да работат на тоа.
„Средствата што ќе се соберат од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за манастирот Св. Преображение во Крушево, каде што веќе е започната работата, но со оглед на тоа што манастирот е оддалечен 7 км од Крушево, во место што е надвор од јавната електрична мрежа, потребна е поголема инвестиција за електрификација и комплетно осветлување на манастирскиот комплекс“, истакна директорката за комуникации на ЕВН, Ирена Карапузоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

