Свет
Анализа на „Економист“ за изборите во Јапонија
Јапонскиот премиер кој се обиде да ги убеди гласачите дека презадолжената економија на земјата се повеќе наликува на грчката, сега треба да ја води битката на својот живот за да остане на функцијата, откако неговата партија постигна катастрофални резултати на изборите за јапонскиот горен дом
Помалку од шест недели откако ја презема функцијата, можноста за уште една лидерска криза нагло се зголемија. Наото Кан е шестиот јапонски премиер во последниве четири години, а веќе се наѕира нова политичка криза. Единствена утеха е тоа што, гласајќи за други партии, Јапонците испратија јасен сигнал дека сакаат подобар економски менаџмент и побрз развој. На овие избори за половина од седиштата во горниот дом на Диетот (парламентот), сировите бројки покажуваат каква папазјанија направи Демократската партија на Јапонија (ДПЈ) од владеењето со Јапонија, откако ги симнаа од власт долгогодишните владетели на земјата од Либерал демократската партија (ЛДП) пред десет месеци. ДПЈ освои само 44 седишта, десет помалку отколку што се надеваа и далеку од потребното мнозинство, дури и во коалиција со својот помал партнер. Во долниот дом, на ДПЈ и недостасува магичното двотретинско мнозинство, со кое ќе можеше да го заобиколи горниот дом. Оттаму, на ДПЈ ќе и биде исклучително тешко да обезбеди поддршка за донесување на легислативата за која се залага.Значи, ќе мора да се прават додатни коалиции. Но задачата да се пријде до другите политички партии е додатно искомплицирана поради тоа една од партиите кои најмногу „ќарија“ од премрежието на ДПЈ е нивниот стар „душман“, ЛДП. Ова е, најверојатно, најголемото изненадување на изборите во неделата: минатиот септември, кога ДПЈ ја избрка од власт, ЛДП беше во расуло. Во неделата оваа партија, всушност, освои повеќе седишта од ДПЈ, 51, најмногу благодарејќи на добрите резултати постигнати во префектурите со мнозински изборен систем, каде што освои 21 место, споредено со осумте на ДПЈ. делумно најмногу се должат на нејзината стара политичка машина, која не ја заврши целата работа, но целосно ја искористи дезилузионираноста со ДПЈ. Уште еден фактор можеби помогнал за разликата: Шинџиро Коизуми, телевизичниот син на телевизичниот поранешен премиер Јуничиро Коизуми, неуморно ја водеше кампањата за секој кандидат на партијата одделно, иако самиот не беше кандидиран на овие избори. Граѓаните во текот на кампањата кон него се однесуваа како кон поп – ѕвезда, а во земја каде што на политичарите им недостасува шармот на ѕвездите, таквиот магнетизам значи многу.Уште една младешка сила која добро мина на овие избори беше „Вашата партија“, формирана пред една година од незадоволни членови на ДПЈ и на ЛДП. Таа доби десет седишта, згора на едното кое веќе го имаше. Седум од новите места во горниот дом дојдоа преку пропорционалното гласање, со што „Вашата партија“ изби на површината како нива сила на јапонската политичка сцена. Според зборовите на нејзиниот претседател, Јошими Ватанабе, партијата се надева да стане „чувар на портата“ во новиот Диет, но силно се спротивставува на опцијата да влезе во коалиција со ДПЈ. Тоа е партија чиј врвен приоритет е заздравувањето на јапонската економија. Интересно, Ватанабе вечерта на изборите изјави дека нејзина прва цел би била да ја реформира Банката на Јапонија и да ја сопре дефлацијата. Без детаљи, но за оние кои мислат дека централната банка ја носи главната одговорност за јапонската економска болест, тоа би бил добар старт.Што се однесува на економијата во поширока смисла, овие избори тешко може да се „прочитаат“. И ДПЈ и ЛДП се залагаа за покачување на данокот на потрошувачка, но се чини дека ЛДП не беше казнета поради тоа. „Вашата партија“ се противи на покачувањето на данокот, но не изгуби ништо поради тоа. Популистичката Нова народна партија која, како коалициски партнер на ДПЈ, очајнички се обидува да ја врати приватизацијата поштенскиот систем, не освои ниту едно место. Сите жени – кандидатки блиски до Јуничиро Коизуми, реформистот кој беше претставен како главен виновник за се лошо во Јапонија на минатогодишните парламентарни избори, победија во своите изборни единици.Најверојатно најважната порака од овие избори е таа дека гласачите сакаат лидери кои знаат што прават. За жал, таквите се ретки. Кан се чини исто толку заплеткан во прашањето дали да се качи потрошувачкиот данок колку што неговиот претходник, Јукио Хатојама се заплетка во прашањето на селењето на американската воздушна база на Окинава, што доведе до негова смена минатиот месец. Тоа значи и дека сега Кан се соочува со горчлива борба за лидерското место во септември. Колку и да се труди да се претстави себе си како човек од народот, во наредните неколку месеци новиот премиер треба да размислува за своето сопствено преживување, исто толку колку што ќе размислува за иднината на земјата.Прашањето е уште колку оваа држава без насока може да си дозволи такви дефокусирања?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британски скијач загина во лавина на француските Алпи
Британски скијач загина вчера во лавина во Француските Алпи. Несреќата се случила додека мажот, за кој се верува дека е во педесеттите години, скијал надвор од пистата во популарното одморалиште Ла Плањ, објави Скај њуз.
Обемна операција за спасување
Спасувачките екипи беа повикани на лавината попладнето во 13:57 часот и веднаш се упатија кон местото на настанот во југоисточна Франција. Голем тим од 52 лица, вклучувајќи медицински персонал и инструктори за скијање, беше вклучен во потрагата, а со хеликоптер беше донесено и куче трагач.
И покрај брзата реакција, Англичанецот беше пронајден дури по 50 минути пребарување, закопан под 2,5 метри снег.
Скијал без потребната опрема
Според соопштението од одморалиштето, човекот што починал бил во друштво на група, но не бил опремен со примопредавател за лавина ниту бил придружуван од професионален инструктор. Скијачкиот центар Ла Плањ изрази сочувство до семејството на починатиот.
Свет
(Видео) Се шират вознемирувачки снимки од Иран: Се гледаат стотици вреќи со тела на убиените
Серијата видеа објавени од Вахид Онлајн, ирански блогер и интернет активист познат по документирањето на протестите, прикажуваат голем број вреќи со тела во форензичкиот центар Кахризак, јужно од Техеран, по насилното задушување на протестите.
Видеата, според изворите, покажуваат како телата се транспортираат во мртовечница со пикап камиони. На едно од видеата се појавува ознака на екранот на која пишува „број на фотографија… од 250“, што укажува на обемот на бројот на жртви, иако автентичноста и целосниот контекст на видеата сè уште не можат независно да се потврдат.
Двајца сведоци кои го посетиле Кахризак во потрага по исчезнати членови на семејството изјавиле за „Иран Интернешнл“ дека таму виделе повеќе од 400 тела. Нивните сведоштва доаѓаат во време кога Иран е речиси целосно отсечен од интернет и други комуникациски канали, што го отежнува независното потврдување на информациите.
Свет
Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија
Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“, по медиумските извештаи дека Лондон е во преговори со европските сојузници за распоредување воени сили на Гренланд.
Весникот „Телеграф“ во саботата објави дека воените лидери во Велика Британија и други европски земји изготвуваат планови за можна мисија на НАТО во Гренланд, за која американскиот претседател Доналд Трамп постојано повторува дека сака да ја преземе.
Весникот објави дека британските претставници започнале разговори со Германија, Франција и други земји за планови што би можеле да вклучуваат испраќање британски војници, воени бродови и авиони за заштита на Гренланд од Русија и Кина.
Британската министерка за транспорт Хајди Александар изјави за „Скај њуз“ дека дискусиите за тоа како да се одбие рускиот претседател Владимир Путин на Арктикот се „рутински“.
„Станува многу контроверзен геополитички регион, со Русија и Кина, се очекува да разговараме со нашите сојузници од НАТО за тоа што можеме да направиме за да ја одбиеме руската агресија во Арктичкиот круг“, рече Александар.
Велика Британија е „посветена на соработка со партнерите од НАТО за зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО на Арктикот“, рече портпаролот на владата како одговор на извештајот на „Телеграф“.
Трамп изјави дека САД мора да го поседуваат Гренланд, автономен дел од Кралството Данска, за да ги спречат Русија и Кина стратешки да ја окупираат територијата богата со минерали во иднина, велејќи дека присуството на САД таму не е доволно.

