Македонија
Вељаноски: Државниот архив е еден од столбовите на државотворноста и самобитноста
Државниот архив е еден од столбовите на државотворноста и самобитноста на македонскиот народ, за што потврда се големиот број документи од неговата историја, истакна денеска претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на одбележувањето на 60- годишнината од основањето Државниот архив.
Државниот архив е еден од столбовите на државотворноста и самобитноста на македонскиот народ, за што потврда се големиот број документи од неговата историја, истакна денеска претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на денешната свеченост по повод одбележувањето на 60- годишнината од основањето на оваа институција.
Вељановски рече дека архивот се афирмира и се потврди како значаен столб на македонскиот идентитет самобитност и државност, и оти стана неодминлива институција и извор за минатото на македонската нација, како и на албанската, влашката, турската, српската и ромската етничка заедница.
„Имајќи ја предвид бурната историја на македонскиот народ, почнувајќи од византискиот период, преку времето на отоманската империја, балканските, првата и втората светска војна, многу архивски материјали се присвоени од други држави почнувајќи од нашите соседи, па се до Франција, Турција, Австрија, Велика Британија. Благодарејќи пред се на истражувачката дејност на Архивот голем дел е истражена“ рече Велјаноски.
Тој им порача на вработените во Архивот да продолжат со таквата дејност со цел да се истражат и останатите архивски материјали во другите земји, значајни за македонската историја.
Директорот на Државниот архив на Република Македонија, Зоран Тодоровски истакна дека македонскиот, како и сите останати архиви се чувари на историското паметење, но и врска меѓу минатото, сегашноста и иднината, но и извори на осознавањето на историското минато и пренесувачи на духот и суштината на националното и државното постоење.
„Покрај ваквите универзални вредности институцијата Архив за Република Македонија претставува важен столб и бедем на македонскиот идентитет, самобитност и државност. Историската граѓа што се чува во Архивот е изворно сведоштво за нашето постоење за опстојувањето на нашиот национален идентитет, за борбата на нашиот народ за самостојна држава“, рече Тодоровски.
Државниот архив на Македонија е формиран на 1 април 1951 година. Во него се чуваат 1.486 архивски фондови и 28 збирки. Најстариот документ кој се чува во оваа институција е евангелието на светиот апостол Лука од 12 век./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Отстрануваме 10 диво поставени објекти, нема толеранција за кршење на законите
Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија.
При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти.
За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена.

Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапи кон нивно отстранување.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека општината останува посветена на одржување на јавниот ред и достоинствениот изглед на строгиот центар на градот.
„Општина Центар нема да дозволи узурпирање на јавен простор. Ќе продолжиме со континуирани контроли за да го зачуваме редот, безбедноста и автентичниот изглед на просторот,“ посочи Герасимовски.
Македонија
Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР
Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.
Во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен имејл бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа кривични дела, како што се детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.
МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки, кои не се испратени од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР.
„Овие електронски пораки се класичен обид за измама, во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните, со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку имејл-адреси.
Апелираме до граѓаните да не отвораат ваквите пораки, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци што ги бараат измамниците. Исто така, апелираме граѓаните да не ги отвораат линковите и датотеките што се испратени во прилог на која било електронска порака која доаѓа од непознат испраќач со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер“, соопшти МВР.
Македонија
Менталното здравје на младите – да ги препознаеме емоциите, а не да ги потиснуваме
Менталното здравје на младите станува сè поважно прашање во македонското општество. Според Светската здравствена организација, здравјето не значи само отсуство на болест, туку состојба на физичка, ментална и социјална благосостојба. Денес, младите се соочуваат со многубројни притисоци – училишни обврски, очекувања, социјални мрежи, економска несигурност и потребата да се пронајдат себеси во свет кој бргу се менува.
Сите овие фактори често предизвикуваат емотивни состојби, кои младите не секогаш знаат како да ги препознаат, именуваат или изразат. Тагата, стравот, вознемиреноста, лутината или чувството на празнина се појавуваат како тивки знаци дека нешто не е во ред. Наместо да бидат слушнати и разбрани, тие чувства често се потиснуваат, што со време може да доведе до анксиозност, депресија или самоповлекување.
Факти што не смееме да ги игнорираме
Според истражувања на УНИЦЕФ и Националната стратегија за млади:
29 % од младите имаат умерени до потешки симптоми на депресија;
42 % доживуваат симптоми на анксиозност;
57 % од девојчињата на 15 години често чувствуваат тага или вознемиреност;
Половина од младите имаат емоционална чувствителност и чувство на плашливост,
а 44 % избегнуваат непријатни спомени и чувства.
Овие бројки се повик на итна реакција не само на здравствените институции туку и на училиштата, семејствата и н аопштеството во целина.
Емоциите како прв сигнал
Препознавањето на емоциите е првиот чекор кон заштита на менталното здравје. Младите треба да научат дека секоја емоција има своја порака:
Тагата зборува дека нешто ни недостига;
Лутината дека нешто ни е неправедно;
Стравот дека ни треба сигурност;
Срамот дека сакаме да бидеме прифатени;
Радоста дека нешто е вредно да се сподели.
Учењето да ги именуваме и изразиме чувствата е основа на емоционалната писменост – вештина што се стекнува преку разговор, доверба и поддршка, а не со казна, споредба или омаловажување.
Семејството – најважниот простор за разбирање
Родителите се првата линија на поддршка, но често се чувствуваат беспомошно. Тинејџерските години носат бурни промени – и физички и психолошки0- а многу родители не се подготвени да ги препознаат сигналите зад повлеченоста, раздразливоста или бунтовноста на своето дете.
Наместо осуда, младите имаат потреба од слушање, смирување и разговор. Семејството мора да биде место каде што е дозволено да се каже „тешко ми е“, „страв ми е“ или „не се снаоѓам“.
Затоа е неопходно да се вложи во едукација и поддршка за родителите – советувалишта, програми за развивање емпатична комуникација и разбирање на адолесцентната психа. Родителите треба да знаат дека не мора да имаат одговор на сè – доволно е да бидат присутни, трпеливи и отворени.
Во нашето општество сè уште постои стигма поврзана со менталното здравје. Младите се плашат дека ќе бидат осудени или неразбрани. Но секое дете и секој млад човек има право на разбирање, поддршка и безбедност.
Потребно е училиштата и заедниците да станат место каде што е нормално да се зборува за чувства, а не да се кријат зад исмејување и осуди. Преку разговори, уметност, групни активности и едукативни програми младите може да научат како да се справуваат со емоциите наместо да се борат против нив.
Менталното здравје не е привилегија – тоа е право.
Емоциите не се слабост – тие се јазикот на нашата внатрешна сила.
Секој млад човек заслужува да биде слушнат, разбран и поддржан.
Здружението „Биди човек“ ќе продолжи да работи на создавање култура на разбирање и грижа, каде што менталното здравје се негува, а емоциите се прифаќаат како дел од човечкото искуство.

