Македонија
СРД: Електронските медиуми непрофесионално ја следеа кампањата

Забелешки за непрофесионално и неизбалансирано следење на предизборната кампања од страна на електронските медиуми изнесе денеска Советот за радиодифузија (СРД), најавувајќи вкупно 30 прекршочни пријави за кршење на законот.
Забелешки за непрофесионално и неизбалансирано следење на предизборната кампања од страна на електронските медиуми изнесе денеска Советот за радиодифузија (СРД), најавувајќи вкупно 30 прекршочни пријави за кршење на законот.Претседателот на СРД Зоран Стефановски на денешната пресконференција информираше дека четири пријави против медиумите ќе бидат поднесени за прекршок пред изборите, 12 за време на изборната кампања, пет за нарушување на изборниот молк, а девет за неизбалансираност во известувањето, односно во интервјуата.Покрај ова СРД поднела и 26 укажувања до медиумите за прекршувања на одредбите од изборниот законик, од кои четири се однесуваат на предизборниот период, 17 во изборната кампања и пет во време на изборниот молк.Констатација на СРД е дека единствено избалансирано во кампањата информирале телевизиите Телма и Алсат М, како и радиото Канал 77.„Оценката дека најгледаните медиуми се ставиле себеси во функција на застапување на одредена позиција, изречена на средината на кампањата, останува валидна и на крајот од изборите. Всушност, во втората половина се интензивираше ваквото известување, во кое А1 се наоѓа на страната на опозицијата, а Сител на страна на власта“, рече Стефановски.Истакнувајќи дека меѓусебната нетрпеливост помеѓу овие две телевизии дополнително растела, Стефановски рече дека нивното медиумско покривање во кампањата на политичката опција против која се, се одликувало со негативен тон.„Негативно или позитивно врамување има и кај другите медиуми што најјасно се гледа од телопите што стоеја на екранот за време на прилогот претставувајќи сублимат на главната порака што сакаа медиумите да ја пренесат. Вакви примери има кај Канал 5, која позитивно ги врамуваше резултатите од власта, а негативно од опозицијата и кај Алфа, која негативно ги врамуваше активностите на власта“, рече Стефановски.Наодите од мониторингот покажале дека и партиите ги препознале медиумите како свои или како противнички. На А1 и Алфа се рекламираа опозициските партии, Канал 77 имаше реклами само на коалицијата на СДСМ, а на Сител Канал 5 и Наша ТВ немаше платено политичко рекламирање за никого, освен за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, стои во извештајот. Кај МТВ 1 и Македонско радио-Прва програма исклучително многу време било посветено на известување за активностите на власта во функција на кампања.Сепак констатирано е дека Јавниот сервис ја исполнил својата обврска да им даде на политичките субјекти можност за бесплатно претставување, иако некои од партиите тоа не го искористиле. Стефаноски информираше дека казната, која што ќе треба да ја платат медиумите се движи од 3.000 до 5.000 евра, во зависност од тоа дали станува збор за неизбалансираност, или за драстична неизбалансираност. /крај/ап/ Copyright 2011 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.
Македонија
За 30 дена ќе ставам крај на депониите во Гази Баба, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник, Митовски

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, најави дека во првите 30 дена од преземањето на функцијата ќе го реши проблемот со сметот и дивите депонии во општината.
„Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално,“ порача Митовски.
Тој го обвини актуелното раководство дека четири години не успеало да воспостави систем за редовно собирање на отпадот, поради што комуналните служби се во целосен колапс.
Македонија
(Видео) Коњановски: Хотелот „Битола“ ќе се адаптира во Дом за стари лица – проект по иницијатива на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, порача дека секој голем проект започнува од гласот на граѓаните и дека заедничкото размислување, пишување и работа се клучот за подобро секојдневие.
„Една од најзначајните иницијативи што ја предложија граѓаните е адаптацијата на хотелот ‘Битола’ во Дом за стари лица – место кое ќе овозможи достоинствен живот, грижа и внимание за највозрасните сограѓани“, изјави Коњановски.
Меѓу останатите приоритетни предлози се: бесплатен оброк за сите ученици од 1 до 3 одделение, обезбедување униформи за децата од 1 до 5 одделение, организација на летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, зголемување на капацитетите на градинките, како и продолжување на акцијата за отстранување на дивоградбите и гаражите, особено во Нова Битола.
„Вистински избор се проектите создадени од граѓаните, за граѓаните. Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието“, нагласи Коњановски.