Свет
Јапонија за целосно преиспитување на нуклеарните политики
Јапонскиот премиер Наото Кан денеска изјави дека обновливата енергија може да стане главниот столб на јапонската енергетска политика, по најголемата светска нуклеарна криза во последните 25 години во јапонскат анукеларка „Фукушима-1“.
Јапонскиот премиер Наото Кан денеска изјави дека обновливата енергија може да стане главниот столб на јапонската енергетска политика, по најголемата светска нуклеарна криза во последните 25 години во јапонскат анукеларка „Фукушима-1“.Премиерот Наото Кан додаде дека е потребно целосно и темелно преиспитување на нуклеарните политики што ги спроведува Јапонија.„Актуелната темелна енергетска политика предвидува повеќе од 50 отсто од вкупната електрична енергија да се обезбедува од нуклеарната енергија, а дека во 2030-та 20 отсто ќе доаѓа од обновливите извори. Меѓутоа, овој темелен план сега мораме од основа да го преиспитаме по ваквиот голем инцидент“, изјави јапонскиот премиер на прес-конференција.Според енергетскиот план кој јапонската влада го претстави минатата година, земјата планира ангажирање на најмалку 14 нови реактори до 2030 г. Јапонските функционери признаа дека овој план тешко може да се реализира откако земјата се соочи со нуклеарните инциденти од големи размери п земјотресот од 11-ти март. „Сметам дека е нужно да се оди во правец на промовирање на природната и обновливата енергија“ дополнил Кан. Јапонскиот премиер како алтернативни извори на енергија ги навел ветрот, соларната енергија и енергијата добиена од биомаса во што Јапонија глобално гледано заостанува. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

