Економија
ЦГК:Јавните пари да се трошат порационално

Државните институции мораат посериозно да настојуваат да ги трошат јавните пари порационално и да изберат пристап при јавните набавки што ќе гарантира подомаќинско трошење на јавните пари.
Државните институции мораат посериозно да настојуваат да ги трошат јавните пари порационално и да изберат пристап при јавните набавки што ќе гарантира подомаќинско трошење на јавните пари.Ова е заклучокот на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), кој во своите квартални истражувања за трошењето на пари во јавните набавки воведе и индекс на рационалност.Кај овој индексот споредени се цените, односно вредноста по кои различни институции набавуваат ист вид производи или услуги (зимско одржување на улици и патишта, индустриска сол, масло за греење, новогодишно украсување и хартија за фотокопирање).„Значајните разлики во цените и во условите под кои државните институции ги набавуваатпроизводите и услугите, укажуваат дека државните институции мораат посериозно данастојуваат да ги трошат јавните пари порационално, подетално да го истражуваат пазаротпред да ги објавуваат тендерите, да разменуваат повеќе информации меѓу себе и да избираат пристап при набавките што ќе гарантира подомаќинско трошење на јавните пари“, се наведува во истражувањето. При мониторингот на јавните набавки во последниот квартал од 2010 година ЦГК констатира низа забелешки.Критериумите за квалификациите на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи, продолжува трендот на мала конкурентност, а се користат и несоодветни елементи на оценка на понудите, се наведува во анализата.Истовремено забележано е и дека расте транспарентноста на институциите, доминантен дел од нив ги почитуваат роковите за избор на најповолна понуда, како и дека расте бројот на уважени жалби. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трет ден хаос со „МојДДВ“, граѓаните револтирани, не можат да скенираат фискални сметки

Апликацијата „МојДДВ“ не функционира веќе трет ден, а револтирани граѓани масовно пријавуваат дека не можат да ги скенираат фискалните сметки и да го остварат своето право на поврат на ДДВ.
Проблемите со апликацијата започнаа уште пред неколку дена, а Управата за јавни приходи (УЈП) вчера официјално потврди дека станува збор за технички проблем и увери дека се работи на негово отстранување.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција“, велат од УЈП.
Од институцијата не прецизираат кога „МојДДВ“ ќе проработи, а засега корисниците се оставени да чекаат, со надеж дека нема да изгубат право на поврат на средства.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавуваат реакции од граѓани кои се жалат дека изгубиле време обидувајќи се безуспешно да ја користат апликацијата. Многумина бараат одговорност и транспарентност од институциите, но и посочуваат дека слични прекини во работата на апликацијата се случуваат сè почесто.
Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“