Економија
Берзата со промет од 24 милиони денари
Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари промет од 24.171.888,73 денари, од кои 22.482.781,00 денари беше промет со обични акции
Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари промет од 24.171.888,73 денари, од кои 22.482.781,00 денари беше промет со обични акции.
На официјалниот пазар прометот изнесуваше 19.209.859,73 денари при реализирани 241 трансакции. Прометот на редовниот пазар изнесуваше 4.962.029,00 денари, а беше реализиран преку 88 трансакции.
МБИ10 ја зголеми својата вредност за 2,23%, а неговото ниво достигна 3.178,29 индексни поени. МБИД порасна за 1,52%, остварувајќи вредност од 3.271,13 индексни поени. ОМБ оствари намалување од 0,25%, позиционирајќи се на ниво од 105,20 индексни поени.
Од официјалниот пазар најтргувана беше акцијата на Гранит Скопје со промет од 3.692.775,00 денари. Просечната цена изнесуваше 859,78 денари, а беше проследена со дневен раст од 6,50%. Истргувани беа вкупно 4.295 акции кои се реализираа преку 44 трансакции.
Втора по ликвидност од официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 2.696.050,00 денари. Просечната цена од 5.286,37 денари порасна за 2,68% на дневно ниво. Истргувани беа вкупно 510 акции. Минималната цена која се постигна изнесуваше 5.200,00 денари, а максималната 5.499,00 денари.
Со акцијата на Топлификација Скопје се оствари промет од 1.606.690,00 денари. Просечната цена од 5.598,22 денари по акција значеше пораст од 1,76%. Вкупно се истргуваа 287 акции преку 21 трансакции.
Од редовниот пазар најмногу се тргуваше со Стопанска Банка Скопје чиј промет изнесуваше 1.274.950,00 денари. Просечната цена изнесуваше 324,83 денари, додека дневниот раст беше 4,64%. Истргувани беа 3.925 акции преку 21 трансакции. Цената се движеше од 322,00 денари до 339,00 денари по акција.
Прилепска Пиварница Прилеп оствари промет во вредност од 1.110.218,00 денари. Просечната цена од 11.564,77 денари оствари дневен пад од 8,10%. Вкупно се истргуваа 96 акции преку 10 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Гранит Скопје2. Алкалоид Скопје3. Топлификација Скопје 4. Стопанска Банка Битола5. Макошпед Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Попова Кула Демир Капија 10,00%2. Тетекс Тетово 8,23%3. ТТК Банка Скопје 7,50%4. Гранит Скопје 6,50%5. УНИ Банка Скопје 5,56% Хартии од вредност со најголем пад1. ЕМО Охрид 25,00%2. Прилепска Пиварница Прилеп 8,10%3. ИЦН – Фарм Скопје 3,93%4. Бетон Скопје 3,00%5. Охридска Банка Охрид 1,20%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

