Свет
Обвинетиот го убил обвинителот во судница во Германија
Во судница во окружниот суд во Дахау на југот од Германија, 18 километри северозападно од Минхен, денеска обвинетиот за време на вербална расправија уби 31-годишен јавен обвинител, јавува агенцијата Франс прес,
Во судница во окружниот суд во Дахау на југот од Германија, 18 километри северозападно од Минхен, денеска обвинетиот за време на вербална расправија уби 31-годишен јавен обвинител, јавува агенцијата Франс прес, повикувајќи се на претставници на Министерствата за правда и за внатрешни работи.
Според пишувањата на германскиот весник „Билд“, убиецот има 54 години. Како што рече портпаролот на Министерството за правда, Вилфрид Крамес, убиецот го погодил обвинителот со три куршуми, кој по приемот во болницата починал.
Портпаролот на полицијата, Петер Грисер рече дека вооружениот убиец бил уапсен на местото на инцидентот и дека нема информации за можни други жртви.
„Треба да видиме дали пукал кон други луѓе, но колку што знам, никој веќе не е ранет“ рече Грисер.
Пред судот бил разработуван случај за семејни несогласувања, а како што наведува Дојче Веле, можно е да станува збор за неисплаќање на алиментација.
Германското радио наведува дека засега е нејасно како убиецот можел да внесе пиштол во судницата. Според пишувањата на локалниот дневен весник, убиениот обвинител пред една година започнал да работи во канцеларијата на јавниот обвинител и бил ранет во раката, рамото и стомакот.
АФП наведува дека слабите мерки за обезбедување не се реткост во германските судови, особено доколку не се во прашање случаи со големи престапи.
Во април 2009 година, 60-годишник убил роднина, а потоа се самоубил, во судница во која се разгледувало прашање за имот во градот Ландсшут.
Истата година во јули, Германец убил трудна Египќанка во Дрезден, што предизвикало револт меѓу муслиманите, а убиецот подоцна бил осуден на доживотен затвор../крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

