Македонија
Православните верници го празнуваат Свети Архангел Михаил
Православните верници денеска го слават војводата на целата ангелска војска, Свети Архангел Михаил, односно на овој ден се одбележува Соборот на св. Архангел Михаил.
Празникот е утврден во четвртиот век со цел да се дефинира правилното почитување на ангелите.Михаил е архангел споменат во Откровението во Стариот Завет и е претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Тој е меѓу главните ангели во Аврамските преданија и, според преданието, неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.
Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“. По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“).
Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.
Пророкот Даниел имал привидение по извесно време постење. Во привидениото еден ангел му кажува дека Михаил е заштитник на Израел. Подоцна во привидението, на Даниел му наговестуваат дека Михаил ќе застане на нивна страна во неволјите кои следат. Во Хебрејската Библија, Михаил повеќе не се споменува.
Михаил во Книгата на Енох е даден како „кнез на Израел“ и „архистратег“ на Бога. Тој е ангелот на воздржувањето и милоста кој го научил Енох на тајните благоста и правдата. Во книгата Јубилеи , ангелот кој го водел Мојсеј на планината Синај Му ги дал плочките на Законот најверојатно бил Михаил.
Според некои христијански теолози св. Михаил може да се јави во Писмото каде неговото име не е споменато. Примери за ова се херувимот кој стоел на портата на рајот, „за да го штити(ат) патот, кон дрвото на животот“, ангелот преку кој Бог го објавил свето Второзаконие на избраниот народ, ангелот кој му го попречувал патот на Валаам, ангелот кој ја истерал војската на Сенахерим. /крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

