Свет
Со насилства и неправилности завршија изборите во Авганистан
После десет часа гласање, пребројувачите почнале да ги бројат милионите гласачки ливчиња во Авганистан, а првични резултати од претседателските избори се очекуваат во сабота
Според она што е досега познато, слабата излезност на југот од земјата ќе ги намали шансите за реизбор на претседателот Хамид Карзаи, а со тоа се зголемуваат шансите на Абдула Абдулах. На север од земјата излезноста се покажала поголема, што е добар знак за Абдулах.Интернационалните претставници предвиделе нецелосни избори, но сепак изразиле надеж дека Авганистан ќе ги прифати како легитимни, што е во комплементарност со воената политика на Барак Обама.Претставник од изборната комисија во Кандахар, најголемиот град на југот од Авганистан и духовното средиште на талибаните, изјавил дека на гласањето излегле 40 проценти помалку граѓани споредено со претходните избори во 2004 г.Бунтовниците ја презеле одговорноста за повеќе напади низ државата. Агенциите за обезбедување во Кабул потврдиле за најмалку пет бомбашки напади, а полицијата повеќе од еден час водела престрелка со вооружена група. Двајца бомбаши-самоубијци загинале во судир. Во провинцијата Баглан биле нападнати 14 затворени изборни единици, а загинале и неколку полициски службеници. Репортер на Associated Press јавил за повеќе од 20 ракети испукани во провинцијата Хелманд, вклучително и една која паднала во близина на гласачите и убила дете.По завршувањето на изборите безбедносната ситуација во Кабул станала порелаксирана откако трупите и полицијата ги напуштиле своите утврдувања.Облечен во својата традиционална наметка со виолетови и зелени појаси, претседателот Карзаи гласал во изборната единица во средното училиште што било во близина на претседателската палата.„Барам од авганистанскиот народ да излезе и да гласа, па преку нивниот глас Авганистан да стане побезбеден и помирен“, изјавил Карзаи.Идниот претседател ќе ја води нацијата која е исцрпена од воените востанија, производството на дрога, корупцијата и слабата Влада.Карзаи, миленик на администрацијата на Буш, победил во 2004 г. со 55,4 проценти од вкупниот број на гласови и застанал на претседателската фотелја со изразен оптимизам во јавноста. По рокадата на воените резерви во Ирак, Авганистан доживеал голем пад изразен преку рекордното производство на опиум, завладувањето на државната корупција и насилствата од бомбардирање.Претставник на ОН изјавил дека не биле забележани изборни неправилности на почетокот на изборите, иако во текот на изборите низ државата кружеле информации дека имало полнење на гласачките кутии, лажно регистрирање и растурање на неважечки ливчиња во корист на Карзаи, тврдења кои неговиот штаб ги отфрлил како неосновани.Кандидатот Рамазан Башардост, кој добил 10 процентна поддршка во предизборните анкети, изјавил дека не биле исправни маркерите и побарал од актуелните власти „веднаш да се прекине гласањето“.„Ова не е гласање, ова е комедија“, изјавил тој за медиумите.Азизула Лодин, шефот на Независната изборна комисија, ги одрекол тврдењата за проблеми со маркерите, но рекол дека властите сепак треба да поднесат истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

