Македонија
Спасена црквата во Св. Јован Бигорски

Во големиот пожар што избувна утринава во Св. Јован Бигорски целосно е уништен делот на старите конаци на манастирот.
Во големиот пожар што избувна утринава во Св. Јован Бигорски целосно е уништен делот на старите конаци на манастирот. Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни екипи од Дебар, Гостивар и Кичево, како и хеликоптер на АРМ: Во оваа голема трагедија сепак е спасена црквата на овој познат македонски манастир. Градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди изјави дека оваа голема трагедија за културно историските објекти од овој регион на Македонија. Тој притоа рече дека за среќа е спасена познатата црква од манастирот Бигорски. Тој на прашањето на дописникот на Макфакс во врска со причините за пожарот рече дека не може да шпекулира, бидејќи засега се непознати причините, иако истражните дејствија започнаа.Раководителот на агенцијата за спасување за општина Дебар Рашит Абазовски изјави дека се е сторено да се помогне во гаснењето на пожарот. Се очекува, според претставниците на манастирот, пристигнување на високи претставници на МПЦ./крај/мн/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.