Контакт

Вести

Обама ги повика Американците да гласаат за Хилари

Објавено пред

Актуелниот американски претседател Барак Обама во говорот на Демократската национална конвенција ноќта кон четвртокот по средноевропско време во Филаделфија во целост ја поддржа поранешната прва дама и негова поранешна државна секретарка Хилари Клинтон во борбата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Обама ги повика демократите да ѝ овозможат на Клинтон да ја заврши работата којашто ја започнала пред осум години и истакна дека „Никогаш немало ниту маж, ниту жена, ниту јас, ниту Клинтон, кој е поквалификуван од Хилари Клинтон да ја извршува должноста претседател на САД“.

Обама на демократите и на американската јавноста особено им укажуваше на квалитетите коишто според него ги поседува Хилари Клинтон за претседателската должност истакнувајќи ја во прв ред нејзината способност да проценува, искуството и темпераментот, со кои може да се соочи со заканата од тероризам.

„Знам дека Хилари Клинтон нема да застане додека Исламската држава не биде уништена“, рече Обама додавајќи дека таа тоа нема да го стори прибегнувајќи на какви и да се мачења и забрана за влез на муслиманите во САД.

„Таа е подготвена да биде нов врховен командант. Вечерва ве повикувам да го сторите за Хилари Клинтон она што го сторивте за мене. Ве повикувам да ја поддржите на ист начин како што ме поддржавте мене“, истакна Обама.

Клинтон по завршувањето на обраќањето на Обама се појави на сцената по што двајцата насмеани и прегрнати им отпоздравуваа на делегатите.

Хилари Клинтон, сопругата на 42-от американски претседател Бил Клинтон, ќе ја прифати партиската претседателска номинација во говорот на крајот од конвенцијата во четвртокот навечер.

Обама и Клинтон беа ривали во предизборната кампања во 2008 година. По победата на изборите на коишто Обама стана првиот црнечки претседател, откако Клинтон се откажа во негова полза, ја именуваше за државана секретарка, должност од која таа се повлече по еден мандат, веќе навестувајќи дека може да се кандидира за претседателските избори на 8-ми ноември 2016 година.

Обраќајќи им се на делегатите Обама понуди алтернативна визија на САД којашто ја повторува републиканскиот кандидат Доналд Трамп, за кого Соединетите држави се под опсада од илегалните имигранти, криминалот и тероризмот и го губат влијанието во светот. Спротиставувајќи ѝ се на, како што ја оцени „длабоко песимистичка“ визија на Трамп, Обама рече „Америка којашто ја знам е исполнета со храброста и оптимизам… и чест и великодушност“. „Пооптимистичен сум во поглед на американската иднина од кога и да е претходно“, рече Обама во кошаркарската и хокеарски арена „Велс Фарго“.

Клинтон во вторникот постигна историски исчекор станувајќи првата жена којашто е номинирана од голема партија за претседателски кандидат.

Реплицирајќи на мотото на кампањата на Трамп – „Да ја направиме Америка повторно голема“ , Обама истакна „Америка е веќе голема. Америка е веќе силна. И во ветувам – нашата сила, нашата големина не зависат од Доналд Трамп“.

Обама потсети дека она што го смета за напредок во своите два мандата, се заздравувањето од економската рецесија, реформите на здравствениот систем и убиството на идеологот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Обама изјави дека американските вредности — не раса, не религија или политичка определба – се она што ја прави Америка голема. „Тоа е причина поради која секој кој им се заканува на нашите вредности, без разлика дали е фашист, комунист, џихадист или домашен демагог, секогаш на крајот доживуваат неуспех“, рече Барак Обама./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа8 часа

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет8 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет8 часа

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа8 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа8 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа14 часа

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија17 часа

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа19 часа

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија19 часа

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа19 часа

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа20 часа

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија21 час

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...

Македонија21 час

„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина...

Европа22 часа

Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“. Украинските воздухопловни...

Свет22 часа

Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но...

Свет22 часа

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што...

Европа22 часа

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати,...

Македонија1 ден

Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја...

Скопје2 дена

Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје,...