Македонија
Започнува „Македонското претседателство“
Денеска во Стразбур започна 120-та министерска сесија на Комитетот на министрите на СЕ, на која Република Македонија го презема претседателството со Комитетот на Министрите од Швајцарија
од Драган Антоновски, од Стразбур
На барање на македонската страна, на синоќешната неформална средба меѓу претставниците од земјите на регионот се разговарало и за состојбите на Балканот, по што е најавена декларација за Босна и Херцеговина. Иако денеска на прво видување се поздравија македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас, сепак, според грчки извори е најавено дека при примопредавањето на претседателството се очекува реакција од грчкиот заменикот министер за надворешни работи да протестира со политичка декларација против употребата на насловот „Македонско претседателство“. Инаку од досегашниот и идниот претседавач со Комитетот на министрите се очекува да повикаат на целосно почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права и усогласување на законите на БиХ со Европската конвенција за човекови права. Оваа декларација ќе биде најверојатно и првиот политички акт на македонското претседателство со Комитетот на министрите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има на планинскиот премин Страцин, Битола, Прилеп, Македонски Брод, Кочани, Делчево, Струмица и Петровец.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода делови од скопски Центар
Поради уличен дефект од ф -200мм на ул. Питу Гули бр.5, прекинато водоснабдување од 09,00ч до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на ул. Питу Гули (градинка Кочо Рацин), ул. Ацо Караманов, Димитар Пандилов, Ганчо Хаџипанзов и дел од Караорман о. Центар.
Македонија
Без струја делови од Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 14,00ч корисниците од с. Кондово (горен дел од стара џамија), општина Сарај;
· Од 08,30ч до 15,00ч поголем дел од корисниците на ул. Стоби, ул.Пробиштипска, ул. Мице Козар и дел од ул. Социјалистичка зора, општина Ѓорче Петров и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од с. Пакошево, кон с. Ново Село, општина Зелениково