Македонија
Македонија на 49 место според половата рамноправност
Скандинавските земји и годинава се на прво место меѓу земјите со најголема рамноправност на мажите и жените, а Македонија е на 49 место на листата од 134 држави, според извештајот на Светскиот економски форум.
Скандинавските земји и годинава се на прво место меѓу земјите со најголема рамноправност на мажите и жените, а Македонија е на 49 место на листата од 134 држави, според извештајот на Светскиот економски форум, објавен денеска.
Македонија бележи напредок од четири места, споредено со 2009 година кога разликите меѓу двата пола ја рангираа земјата на 53 позиција.
Од балканските земји пред Македонија е единствено Словенија на 42 место. Веднаш зад нас, како 50 рангирана е Бугарија, потоа следат Хрватска (53), Грција (58) Албанија (78).
На последните три места во годинешниот извештај се Пакистан, Чад и Јемен.
„Скандинавските земји остануваат модел за еднаквост меѓу мажите и жените“, изјавил основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб. Според него, малата разлика меѓу мажите и жените во овие земји е поврзана со јаката економија и големиот развој на државите.
На првите четири места се Исланд, Норвешка, Финска и Шведска.Рангирањето е направено според распределбата на ресурсите во земјата и можностите меѓу мажите и жените./крај/wef/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

