Македонија
Нема заболени од вирусот „Западен Нил“ во Македонија

Нема регистриран случај на заболен од вирусот „Западен Нил“ енцефалитис во Македонија, од кој починале тројца, а заразени се повеќе од 20 лица во Грција.
Нема регистриран случај на заболен од вирусот „Западен Нил“ енцефалитис во Македонија, од кој починале тројца, а заразени се повеќе од 20 лица во Грција.
За ова денеска информираше Жарко Караџовски, доктор од Институтот за јавно здравство.
„Западен Нил“ е вирус кој се пренесува преку убод на комарец, а досега се познати 59 типа комарци кои можат да го пренесат вирусот.
Овој тип на вирус кај заболените може да се манифестира преку два вида инфекција, како треска или во тешка невролошка форма.
Во првиот случај симптомите се слични како кај грипот и на таков начин и се лекуваат, пропратени со висока телесна температура, повраќање и треска и потребни се од два до 14 дена за да се манифестира.
Кај потешкиот облик се манифестира во првите 24 часа со отежнат говор и слух, забавена парализа на екстремитетите и сл.
Вирусот „Западен Нил“ е опасен за старите и изнемоштени лица, но и за оние кои имаат здравствени проблеми, како астма или други хронични заболувања.
Заразениот човек доколку е здрав може воопшто да нема проблеми, но доколку станува збор за лица над 75 години, тогаш каснувањето на комарецот може да предизвика компликации во централниот нервен систем и да доведе до менингитис или енцефалитис кои може да завршат со смрт.
За вирусот, што е типичен за целиот медитерански регион, не постои вакцина или посебна терапија.
Во изминатите 15-ина години епидемии биле прогласени во Италија, Шпанија, Романија, Унгарија, Франција./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити го претстави мега-спортскиот проект во Чаир

Првиот Заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денес го претстави најголемиот спортски проект во историјата на Чаир, трансформација на напуштениот базен во нов, модерен спортски и рекреативен центар.
Овој амбициозен проект, конципиран по примерот на познатите спортски центри „Јане Сандански“ во Аеродром и „Борис Трајковски“ во Карпош, има за цел да донесе мултифункционален центар според европски стандарди, во срцето на Чаир.
„Комплексот ќе содржи: голема спортска сала за ракомет, одбојка и кошарка со капацитет од над 3.000 гледачи, затворен фитнес центар, сали за пинг-понг и боречки спортови како карате и бокс; како и надворешни игралишта за мал фудбал и две кошаркарски игралишта – отворени и достапни за сите граѓани”, информираше Меџити.
Според него, проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство, при што Општина Чаир ќе ги обезбеди сите правни и институционални предуслови во целосна соработка со централната власт.
„Инвеститорот што ќе биде избран, ќе има обврска да изгради центар што ги исполнува современите стандарди и да понуди одржлив модел на функционирање. За возврат, ќе има право да го користи комплексот во рок од 20 до 30 години“, изјави Меџити.
Тој додаде дека по истекот на тој период, овој модерен спортски и рекреативен центар ќе стане целосна сопственост на Општина Чаир и на сите наши граѓани. Со одлука на Влада на РСМ е дадено на трајно користење на Општина Чаир и Општината може да управува односно да ги спроведе сите процедури кои се потребни за реализација на овој проект.
Време е и Чаир да добие спортски центар од европски ранг, порача Меџити за време на презентацијата.
Македонија
(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во реон на село Никуштак на Скопска Црна Гора и притоа исфрли преку 30 тони вода, соопшти МВР.
– Активностите на полициските хеликоптери продолжуваат и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава, известува МВР.
Македонија
Меџити: Работа, не зборови-започнува целосна реконструкција на улицата „Банатска“ во Чаир!

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи за целосна реконструкција на улицата „Банатска“ во населбата Топхана.
Овој проект е еден од многуте инфраструктурни зафати што Општина Чаир ги реализира со цел подобрување на животните услови на граѓаните, изјави Меџити пред присутните жители.
„Инвестицијата, во вредност од околу 3 милиони денари, е финансирана преку Вториот повик на Владата за поддршка на општините. Работите опфаќаат целосно асфалтирање“, истакна Меџити.
Тој додаде дека оваа инвестиција ќе овозможи побезбедна, пофункционална и поодржлива инфраструктура за жителите на оваа населба, директно придонесувајќи за зголемен квалитет и удобност на живеењето.
„Овој проект е конкретен доказ за нашиот модел на управување, професионалност, ефикасност и постојан фокус кон граѓанинот. Секоја интервенција во инфраструктурата е чекор кон поразвиен, помодерен и поинклузивен Чаир“, изјави Меџити во своето обраќање.
Општина Чаир, додаде Меџити и во следните четири години ќе продолжи со реализација на слични проекти кои имаат за цел создавање на квалитетна, безбедна и достапна урбана средина за сите граѓани.