Македонија
Судијата Мерсељ Пајазити е нов член на судскиот совет
Комисијата за избор на член на Судскиот совет од редот на судиите кои не се мнозинство во Република Македонија, соопшти дека за нов член на советот е избран Мерсељ Пајазити, судија на Апелационен суд Скопје.
Комисијата за избор на член на Судскиот совет од редот на судиите кои не се мнозинство во Република Македонија, соопшти дека за нов член на советот е избран Мерсељ Пајазити, судија на Апелационен суд Скопје. Гласаа судиите во целата држава а Пајазити победил со 267 гласа. Тој ќе седне на местото на Мируша Еленовска која заминува во пензија. За оваа функција се кандидираа тројца припадници од албанската заедница, еден од српската и еден судија што се изјаснил како Бугарин. Тоа се: Ахмети Рушити од Апелациониот суд во Гостивар, Мерсељ Пајазити од скопскиот Апелационен суд и Шемседин Јусуфи од Основниот суд во Тетово, потоа Зорица Цунгаровска од Основниот суд – Скопје 2, како и Славчо Тасев од Апелациониот суд во Штип. Мандатот на член на Судски совет трае шест години со право на реизбор. На огласот може да се јави секој судија што во моментот на објавувањето на огласот врши судиска функција и што има најмалку пет години судиски стаж. Еден од условите е и неговите идни колеги во Советот три години едноподруго да му дале позитивни оценки за неговата работа. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Центар подготвен за снегот, улиците се расчистуваат од ноќеска
Општина Центар подготвено ги дочека денешните снежни врнежи, објави на ФБ, градоначалникот Горан Герасимовски.
„Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни точки”, вели Герасимовски.
Во објавата се додава дека „Општина Центар е во постојана комуникација со граѓаните од сите населби на својата територија и продолжува со координација со градските служби за навремено и ефикасно справување со сите предизвици што ги носат снежните врнежи“.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци
Активни забрани за тешки товарни возила:
– Тетово-Попова Шапка
– КриваПаланка граничен премин Деве Баир
– Гостивар-Маврово-Дебар
– Гостивар-Стража-Кичево
– Пресека
– Плетвар
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Студен бран ја зафати Македонија, денеска обилен снег и силен ветер
Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни, информира УХМР.
На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см).
Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови.
Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Минималните температури ќе се движат од -6 до 3, а максималните од -4 до 4 степени целзиусови.
Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.