Свет
Нема преживеани во падот на етиопскиот боинг
Иако либански воен офицер изјави дека се најдени седум преживеани, CNN и BBC ја демантираа оваа вест, повикувајќи се на изјави на либански функционери, а истото го потврди и локлана телевизија јавувајќи дека досега се пронајдени 28 тела
Авионот на Ethiopiаn Airlines со вкупно 90 патници и членови на екипажот се урна утрово во Средоземното Море, само неколку минути по полетувањето од Бејрут. Спасувачките екипи ги лоцираа остатоците на авионот на три километри од селот Наамех, 15 километри јужно од главниот град на Либан од акде полета авионот за Адисабеба, пренесе Reuters. Се’ уште не се знае причината за урувањето на авионот од типот „боинг 737-800“ кој полетал во 2.37 часот, по што набрзо исчезнал од радарите. Метеоролошките извештаи од утринава потврдуваат дека во времето на полетувањето над Бејрут и околината владеела голема бура проследена со силен дожд и молњи, па се претпоставува дека авионот бил погоден од гром, што некои стручњаци за воздухопловни несреќи не го исклучуваат како можност, но напоменуват дека тоа и не мора да биде главната причина.Очевидци рекле дека малку пред паѓањето на авионот во море, виделе објект во пламен како понира кон морската површина. „Засега нема навестувања дека станува збор за терористички акт“, изјавил либанскиот претседател Мишел Сулејман. Либанскиот министер за надворешни работи, Ели Мур, додал дека е исклучена саботажата како причина за несреќата и дека авионот најверојатно се урнал поради лошите временски услови.Уште утрово беше објавена листата на патници според која во авионот имало 83 патници, од кои 54 Либанци, 22 Етиопјани, двајца Британци, по еден Ирачанец, Сириец, Канаѓанец, Русин и еден француски државјанин. Во авионот имало и седум членови на екипажот. Меѓу патниците е и сопругата на францускиот амбасадор во Либан, Мариа Пиетон, и неколку деца.Авиокомпанијата во државна сопственост Ethiopian Airlines и е една од најголемите во Африка. За разлика од неколку африкански превозници на кои не им е дозволено летањето во европскиот воздушен простор, поради многу лошата безбедносна состојба на нивните летала, Ethiopian Airlines има лиценца со која може да врши авиопревозничка дејност на европскиот континент. Исто така компанијата оперира и на други три континента и одржува вкупно 56 дестинации низ светот.Авиокомпанијата е високооценета според безбедносната евиденција, а од 2006 г. проширувајќи се на пазарот во Азија, со големи плати привлече добро образовани и обучени квалитетни азиски пилоти.Најголеми несреќи во историјата на Ethiopian Airlines се случија во септември 1988 г,, кога авион удри во јато птици во текот на полетувањето, при што загинаа 31 патник од вкупно 105. Во ноември 1996 г., авионот на летот за Брегот на Слоновата Коска, беше грабрнат од тројца киднапери кои го насочија кон Австралија, но при обидот за слетување во близина на Коморите, при истекување на горивото авионот се урна при што загинаа 130 од 172 патници и членови на екипажот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ќе го пречека претседателот на Колумбија во Белата куќа на почетокот на февруари
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска објави дека во првата недела од февруари ќе го пречека колумбискиот претседател Густаво Петро на разговори во Белата куќа.
„Сигурен сум дека ќе биде многу добро и за Колумбија и за САД, но кокаинот и другите дроги мора да бидат запрени пред да влезат во Соединетите Држави“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Зборовите на Трамп претставуваат промена во тонот по месеците остри критики кон Петро и неговата влада, обвинувајќи го колумбискиот претседател дека управува со „фабрики за кокаин“.
Трамп објави дека тој и Петро разговарале по телефон во средата и се согласиле да се сретнат во Белата куќа, но не го прецизираше точниот датум на средбата.
Во изјавите објавени денеска, Петро рече дека Трамп му рекол во телефонски разговор дека размислува за воени операции во Колумбија, што е поврзано со регионалните тензии по американската воена операција во Венецуела.
„Трамп ми рече во телефонски разговор дека размислува за лоши работи во Колумбија. Пораката беше дека тие веќе се подготвуваат, планираат воена операција“, изјави Петро за шпанскиот весник „Ел Паис“, додавајќи дека верува оти заканата е замрзната по разговорот, но призна: „Можеби грешам“.
Петро рече дека Колумбија нема капацитети за воздушна одбрана, но повика на народен отпор во случај на таква воена операција во неговата земја.
Средбата треба да се одржи во време кога односите меѓу САД и Колумбија се обидуваат да се стабилизираат и да се префрлат кон дијалог, и покрај широко распространетите разлики околу политиката за дрога и регионалната безбедност.
фото/депозитфотос
Свет
Венецуела сака да ги обнови дипломатските односи со САД
Венецуелската влада започна да истражува опции за проширување на дипломатските односи со САД, а се очекува претставници на американскиот Стејт департмент да отпатуваат во Каракас за технички и логистички проценки, соопштија двете земји. Стејт департментот соопшти дека американските претставници го проценуваат „потенцијалното продолжување“ на работењето на амбасадата во јужноамериканската земја.
Вашингтон и Каракас сигнализираа подготвеност за соработка по американската воена операција од минатата недела што резултираше со апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Неговата потпретседателка Делси Родригез ја презеде функцијата привремен шеф на државата.
„Венецуелската влада одлучи да започне прелиминарен дипломатски процес со американската влада, со цел повторно воспоставување дипломатски мисии во двете земји“, соопшти венецуелската влада.
Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ослободувањето на политичките затвореници во Венецуела е знак за „барање мир“ и дека како резултат на тоа го откажал планираниот втор бран напади.
Во среда, Трамп рече дека САД „се сложуваат многу добро“ со венецуелската влада предводена од Родригез, особено кога станува збор за обнова на нафтената и гасната инфраструктура.
фото/епа
Свет
Трамп му посака среќа на Орбан во изборната кампања
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му посака среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, според писмото што Орбан го објави на својата Фејсбук страница.
Во писмото, Трамп наведува дека „смелото лидерство“ на Орбан служи како пример за остатокот од светот. Тој додаде дека со нетрпение очекува „продлабочување на соработката“ во областите на одбраната, енергетиката и нелегалната миграција, пишува агенцијата „Ројтерс“.
„Секогаш цврсто сте стоеле во одбрана на принципите што ја прават Унгарија толку исклучително место – религијата, семејството и суверенитетот“, напиша Трамп во писмото.
Националистот Орбан се соочува можеби со најтешкиот предизвик во неговите 16 години на власт, со комбинација од економска стагнација во Унгарија, зголемување на трошоците за живот и скандал со малолетнички притворен центар што го зајакнува опозицискиот ривал чија партија води во повеќето анкети.
Изборите се очекуваат во април.
Во писмото, Трамп му се заблагодари и на Орбан за поканата да ја посети Унгарија, наведувајќи дека неговиот тим „ќе биде во контакт“ во врска со распоредот. Во понеделник, Орбан рече дека посетата на „високо рангиран“ американски политичар е веројатно да се случи пред изборите.
фото/епа

