Македонија
Евробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат дека е добро земјата да влезе во Европската Унија.
Речиси две третини од македонските граѓани сметаат дека е добро земјата да влезе во Европската Унија.
Според истражувањето на Евробарометар, 60 отсто од граѓаните на Македонија сметаат дека членството во ЕУ е добро за државата, 11 проценти оти е лошо, а 27 ниту едното ниту другото. Споредено со минатогодишното истражување, се забележува пад од 6 отсто во однос на расположението за евроинтеграција.
Македонските и граѓаните на Унијата се сложуваат во поглед на економската состојба. Во Македонија 76 проценти, а во ЕУ 77 отсто од анкетираните сметаат дека економската состојба е лоша. Финансиската состојба на своите семејства како добра ја оцениле половина од анкетираните македонски граѓани и 64 проценти од граѓаните на ЕУ. Спротивно мислење имаат 48 отсто од Македонците и 34 проценти од жителите на Унијата.
Невработеноста и економската ситуација и натаму остануваат главни причини за загриженост. Дури 63 проценти од македонските граѓани ја посочиле невработеноста како најголем проблем. Само една четвртина од анкетираните во Македонија и во земјите членки на ЕУ се надеваат дека ситуацијата ќе се подобри во следните 12 месеци, по 35 сметаат дека ситуацијата ќе остане иста, а по 36 отсто очекуваат влошување.
Околу 75 отсто и од македонските граѓани и од жителите на ЕУ сметаат дека се неопходни дополнителни реформски мерки за надминување на кризата. Повеќе од половина македонски граѓани (56 отсто) се подготвени одреден период да живеат полошо ако тоа донесе повисок стандард за следните генерации. Тој процент во ЕУ е драстично понизок и изнесува 46.
Анкетата е спроведена од 5-ти до 28-ми мај годинава во 27-те членки на ЕУ, во земјите-кандидати за членство Хрватска, Македонија, Турција и Исланд, како и во турскиот дел на Кипар. /крај/евб/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
И денес температури до 40 степени, од среда заладување и ветер

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, јавува УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд.
Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.