Македонија
Медиумите – гола трансмисија на политичката пропаганда
Медиумите потфрлаат да бидат организатори на политичката дебата на општеството и се претвораат во гола трансмисија на политичката пропаганда.
Медиумите потфрлаат да бидат организатори на политичката дебата на општеството и се претвораат во гола трансмисија на политичката пропаганда.Ова го заклучи најновата анализа „Медиумско огледало“, посветена на известувањето на медиумите на тема „Парламентарни избори 2011“.„Медиумите се појавуваат како известувачи на партиските активности, на ниво на појава без подлабоко навлегување во суштинските политички прашања. Се покрива кампањата, но не и политичката понуда. Медиумите сами себе си се поставиле како пасивен актер што не креира агенда, туку ја следи и ја коментира агендата на политичките партии“, рече Билјана Бејкова, директор на НВО инфоцентарот, кој ја презентираше анализата.Суштинските теми како што се НАТО/ЕУ, спорот со името, економијата, според оваа анализа, имале речиси незабележителна застапеност во тематската структура на медиумите. Најмногу биле застапени темите поврзани со изборните активности. Високото ниво на прилози посветени на можното изборно насилство создавале тензична атмосфера и загриженост за регуларноста на изборниот процес.„Владините институции и владините претставници врз себе преземаат речиси половина од товарот на изборната кампања. Тие ги компензираат партиите на власт и создаваат дисбаланс на присуството во медиумите, во полза на владејачките партии. Ова исто така, укажува на висок степен на слеаност на владејачките партии со државните институции. Државната изборна комисија и Советот за радиодифузија се многу малку застапени меѓу изворите на информации што укажува на незаинтересираност на медиумите за самиот изборен процес и префрлање на тежиштето на партискиот предизборен натпревар“, се вели во „Медиумското огледало“.Анализата покажува дека медиумите им посветуваат големо внимание на овие предвремени Парламентарни избори. Ако во 2008 година неколку дена пред и по започнувањето на изборната кампања, интензитетот на објавени новинарски прилози поврзани со изборите бил во просек 66 прилози дневно, годинава, тој просек изнесува дури 116 прилози.Предмет на мониторинг биле осум печатени и осум електронски медиуми, избрани според критериумот на фактичко и/или претпоставено влијание врз јавноста во Македонија. Мониторингот на медиумите посветен на Парламентарните избори 2011 година ќе трае до 8 јуни 2011 година, а финалниот извештај ќе биде објавен до крајот на јуни годинава./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

