Македонија
Притвор за полицаецот – протести во Гостивар
Полицијата поднесе кривична пријава за убиство против полицаецот Јаким Трифуновски кој вчера уби две момчиња во близина на Апелациониот суд во Гостивар
Полицијата поднесе кривична пријава за убиство против полицаецот Јаким Трифуновски кој вчера уби две момчиња во близина на Апелациониот суд во Гостивар.
Синоќа тој беше изведен пред надлежен истражен судија кој му одреди триесетдневен притвор и сега веќе се наоѓа во истражниот затвор Скопје во Шутка.
Инцидентот се случи вчера околу 13 часот кога започнала расправија меѓу полицаецот, кој тогаш не бил на службена должност и неговите соседи, двајцата убиени, кои се од албанска националност.
Според информациите на МВР, инцидентот се случил кога полицаецот ја земал својата ќерка од училиште и ја враќал дома. Во близина на неговиот дом кога сакал да го паркира своето приватно возило, бил нападнат од четири лица.
Според неговиот исказ, настанала прво вербална расправија меѓу нив, по што полицаецот испукал два предупредувачки куршума во воздух, а потоа со својот службен пиштол пукал кон двајца од напаѓачите.
Повредените биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што им подлегнале на повредите.
Полицаецот со своето возило и заедно со својата малолетна ќерка самиот се пријавил во Полициската станица Гостивар.
„Набрзо е извршен увид на местото на убиството со учество на екипа од СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител.Пронајдени и подигнати се пет празни чаури, едно јадро од проектил, траги од крв и друго, кои ќе се вештачат, како и пиштолот со рамка со осум куршуми“, соопштуваат од МВР.
Во меѓувреме поради убиството на 26-годишниот Бесник Шехапи и 30-годишниот Имран Мехмеди во средата во Гостивар се одржаа протести што ги организираше група граѓани од градот.
Како што изјави портпаролот на СВР Тетово, граѓаните се движеле од судот до зградата на општината преку плоштадот, полициската станица во Гостивар па сé до домовите на убиените момчиња.
Денешниот протест не бил најавен, додека за во четврток во 13 часот има најавен протест кој бил пријавен во полициска станица.
Претходно во средата, министерот за правда Блерим Беџети и американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс порачаа дека треба да се почитуваат законот и правните процедури./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

