Македонија
ХК: Инцидентот – внатрешен конфликт поттикнуван од власта
Инцидентот на скопскиот плоштад е дел од подлабок внатрешен конфликт меѓу граѓаните поттикнуван од власта
Инцидентот на скопскиот плоштад е дел од подлабок внатрешен конфликт меѓу граѓаните поттикнуван од власта.
Ова се наведува во реакцијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права, по повод случувањата изминатиот викенд.
“Инцидентот на скопскиот плоштад е дел од подлабок внатрешен конфликт меѓу граѓаните поттикнуван од власта. Впрочем сеењето страв, како метод го видовме во последниве години во многу области од јавниот и приватен живот“, наведува Комитетот.
Според нив, инцидентот покажа јасен пример на говор на омраза “како што е навредливото ‘Шиптари’ за Албанците“, клетви на “бранителите на верата“ кон безверните “комуњари“, што е нова мода во политичката конфронтација во Македонија“.
Хелсиншкиот комитет смета и дека владината одлука за градење црква на плоштад “најдиректно го доведува во прашање принципот на одвоеност на државата и верските заедници“.
“Оваа одлука е едноставно чекор понатаму во промоцијата на „државна религија“ или попрецизно, бидејќи поинаку и не може, „државни верски заедници“ видени во Македонската Православна Црква (МПЦ) и Исламската верска заедница (ИВЗ)“, се наведува во реакцијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права./крај/хк/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

