Македонија
Стартуваше кампањата „Здрава храна за детство без мана“

Кампањата „Здрава храна за детство без мана“ која е под покровителство на Маја Иванова, сопруга на претседателот на Република Македонија, официјално започна денеска во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Кампањата „Здрава храна за детство без мана“ која е под покровителство на Маја Иванова, сопруга на претседателот на Република Македонија, официјално започна денеска во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.Целта на кампањата е да го поттикне интересот кај децата за здрава и правилна исхрана.Во учебната 2011/2012 училиштата и градинките ќе спроведуваат различни активности во текот на целата учебната година со кои децата ќе бидат запознаени со важноста на здравата исхрана и воедно ќе бидат поттикнати да конзумираат здрава храна како дел од нивниот секојдневен оброк. Активностите ќе вклучуваат: изработка на кратки пораки на темата „Здрава храна за детство без мана“ кои ќе станат дел од Еко-кодексот на училиштата и градинките; изработка на рецепти на темата „Здрава храна за детство без мана“ од учениците и децата; одбележување на определените денови на зеленчук и овошје; изработка на ликовни и пишани творби; организација на натпревари, изложби, маскембал и јавни настани за промоција на кампањата; За потребите на кампањата се изработени постери со пораките за „Здрава храна за детство без мана“ кои ќе бидат дистрибуирани до сите воспитно-образовни институции и до сите останати институции вклучени во воспитно-образовниот процес.Кампањата „Здрава храна за детство без мана“ ќе се реализира и преку детската едукативна емисија 5+, во која од оваа сезона ќе започне новата рубрика во која ќе се подготвуваат здрави и брзи рецепти. Кампањата ќе биде пропратена со новата песна „Здрава храна за детство без мана“ и со видео спот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори.
Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници, а некои од нив се веќе споменати во јавноста.
За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.
За Општина Аеродром, Александар Трајановски.
За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.
За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.
За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.
За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.
За Општина Лозово, Ацо Велковски.
За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.
Општина Богданци, Блаже Шопов.
Општина Дојран, Ристо Џинев.
Општина Могила – Зоран Ристевски.
Општина Неготино, Петар Мантев.
Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.
Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.
Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.
Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.
Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.
И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.
„Овие кандидати се избрани врз основа на принципите коишто ги наведовме дека ќе важат за кандидирањето на овие луѓе. Избрани се со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои што имаат и кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои за првпат, некои повторно од граѓаните“, рече Филипче.
Според него, актуелните градоначалници направиле вистинска промена во општините Центар, Крушево, Крива Паланка.
Македонија
На граничните премини Богородица и Табановце се чека по половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 15 – 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ковачки пред претседателите на Собранијата на членките на НАТО: Македонија е доверлив и одговорен сојузник

На денешното годишно Собрание на претседателите на Собранијата на земјите членки на НАТО кое се одржува во Брисел по повод 70 години јубилејно постоење, свое обраќање имаше пратеникот и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој истакна:
„НАТО не е само воен сојуз, туку и жива заедница на демократските нации. Со децении нашите парламенти работеа на обезбедување транспарентност, одговорност и дека гласот на нашиот народ е слушнат. За мојата земја, патот кон НАТО беше долг, а понекогаш и неизвесен, но секогаш воден од убедување, реформи и верба во заедничка евроатлантска иднина“, вели Ковачки.
Ковачки посочи дека нашиот глас е обликуван од отпорност и трансформација. Тој посочи дека НАТО ја одразува демократската волја на нашите нации.
„Како земја од Југоисточна Европа, нашиот глас е обликуван од отпорност и трансформација. Ние сме доказ дека вратата на ЕУ останува отворена и дека демократијата е патот кон мирот. Во денешниот свет на дезинформации, нестабилност и конфликти, улогата на нашите парламенти е да ја бранат вистината и да се осигураат дека изборите на НАТО ја одразуваат демократската волја на нашите нации“, рече Ковачки.