Општество
Претседателот на „Ротари“ во посета на Македонија
Во неколкудневна посета на Македонија пристигна претседателот на Ротари, Гери Хуанг кој во понеделник ќе учестува на гала вечерата на оваа реномирана организација која ќе се одржи во хотел „Александар Палас“.
Во неколкудневна посета на Македонија пристигна претседателот на Ротари, Гери Хуанг кој во понеделник ќе учестува на гала вечерата на оваа реномирана организација која ќе се одржи во хотел „Александар Палас“.
Гери Хуанг, заедно со членови од македонските Ротари клубови, ги посетија и штитениците од посебното училиште „Иднина“, институција каде беа реализирани и неколку значајни донации со кои значајно се подобрија условите за учење и престој на овие деца.
Ротари е организација на волонтери, на повеќе од 1,2 милиони деловни лидери и лидери во другите професии кои се обединети во светот, со цел да изведуваат и подржуваат филантропија, како и да помогнат во градењето на добра воља, разбирање меѓу луѓето и обезбедување на мирот во светот. Организирани во повеќе од 32 000 клубови во повеќе од 200 земји и географски области, Ротаријанците изведуваат проекти за да одговорат на денешните предизвици на современото живеење како што се неписменоста, болестите, гладот, сиромаштијата, недостатокот на чиста вода, негрижата за здрава околина и многу други, чие елиминирање станува суштински предуслов за хуманиот развој и за оддржувањеот на мирот во светот.
Иницијативата за формирање на првиот Ротари клуб во Чикаго, САД датира од 1905 година и притоа наидува на голем интерес кај деловните луѓе и оние од другите професии и таа е прва светска организација на волонтери определена во интерес на основните човекови потреби. После првиот клуб, се формираат нови клубови во други градови и држави и следствено на основните начела, членовите на клубовите се среќаваат на неделните состаноци да ги планираат проектите, дискутираат разни прашања од локален, национален и меѓународен интерес и уживаат во градењето на меѓусебното пријателство. Ротари клубовите се неполитички и отворени за граѓани од сите раси, култури и религии.
Во областа на образованието, Ротари фондацијата обезбедува меѓународни стипендии за повеќе од илјада студенти годишно кои студираат надвор од своето место на живеење и кои служат како културни амбасадори.
Еден од најзначајните проекти на Ротари е Полио Плус кампањата. Ротари клубовите со свое финансиско учество од преку 850 милиони американски долари и армија на волонтери имунизира повеќе од две милијарди деца во 122 земји во светот. Ротари е главниот партнер и лидер во Глобалната иницијатива за ерадикацијата на полиото, заедно со Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и УС Центарот за контрола и превенција на болестите./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

