Свет
Немири во Киргистан, 17 загинати

Бројката загианти во безредијата во градот Ош во јужен Киргистан дистигна 17 загинати, потврдила за РИА Новости портпаролката на минситерството за здравство Елена Бајалинова
Доцна навечер во четвртокот во Ош кој е населен и со етнички Узбекистанци избувнаа немири при што било употребено и огнено оружје, пренесува агенцијата. Судирите почнале да се шират и во други делови од градот. Главниот судир се случил во центарот на Ош каде што масата почнала да пали автомобили, а дописниците на агенциите јавуваат дека се ограбени и голем број продавници. Покрај 17-те загинати, во судирите има и околу 200 ранетио лиоца, повеќето со огнострелни рани, потврдила Елена Бајалинова. Привремената влада во Бишкек прогласи вонредна состојба во Ош и околниот регион, а сведоци изјавиле дека и во петок од центарот на градот се уште се слушаат истрели. Се уште не се јасни причините за овој најнов бран насилства во овој регион, бидејќи досега не биел забележани никави насилства меѓу Киргистанците и узбечкото малцинство. „Слична ситуација имавме во мај. Тогаш успеавме да ја земеме сутацијата под контрола. Сега одново сме принудени да воведеме полициски час“, изјавила привремената премиерка Роза Отунбаева, најавувајќи дека ќе се обиде да стапи во контакт со локалните авторитети.Отубнаева во разговорот со новинарите не ја исклучила можноста немирите да се инцирани од „заинтересирани сили“ да ја дестабилизираат земјата пред одржувањето на референдумот закажан за 27 јуни кога избирачите треба да се изјасната за новиот Устав на Киргистан. Парламентарните избори, пак, се закажани за 10 октомври, кога најверојатно ќе бидат и претседателските избори.Во мај протестите избувнаа кога демоснтрантит бараа судска истрага за лидерот на локалната узбечка заедница, бизнисменот Кадирјан Батјиров, обвинувајќи го дека го организирал палењето на домовите на роднините на соборениеот претседател Бакиев, како и дека неговите следбеници стрелале врз демонстрантите со огнено оружје на 14-ти мај на централниот плоштад на Џалал-Абад, кога приврзаниците Бакиев влегоа во зградата на регионалната администрација.Во јужната провинција на Киргистан, на 13 и 14 мај, поддржувачи на поранешниот претседател Бакиев ја зазедоа административната згрда на управата на трите области, Ош, Џалал-Абад и Баткен. Тогаш во судирте меѓу приврзаниците и поширокот семејство на Бакиев и поддржувачите на привремената валда на Киргистан, беа ранети 59 лица од кои две починаа од здобиените повреди.Новата влада во Киргистан дојде на власт по немирите против претседателот Карманбек Бакијев од 7 април, во кои загинаа најлмалку 85 лица, а беа оневозможени летовите од воената база на САД, која беше поддршка на акцијата во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Политико“: ЕУ го одложува воведувањето на 19 пакет санкции против Русија

Европската комисија (ЕК) нема да воведе нов пакет санкции против Русија во среда, како што се очекуваше, објавувањето е одложено на неодредено време, објавува „Политико“, повикувајќи се на европски дипломат и функционер на една од земјите на блокот.
Според нив, објавувањето на 19 пакет санкции „веќе не се очекува во среда“, а ЕК не прецизирала нови можни датуми за официјално презентирање на новите санкции, според бриселскиот портал.
„Политико“ пишува дека одложувањето е последица на поместувањето на фокусот на ЕУ од воведување нови санкции против Русија кон вршење притисок врз Словачка и Унгарија за „намалување на нивната зависност од руската нафта“, објавува Танјуг.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе строги санкции против Русија доколку сите членки на Северноатлантската алијанса дејствуваат заедно и престанат да купуваат руска нафта.
Тој истакна дека фактот што некои сојузници на НАТО континуирано увезуваат енергетски ресурси од Русија „ја ослабува преговарачката позиција на алијансата“.
Свет
Велика Британија испраќа „Tајфуни“ во Полска

Велика Британија ќе распореди ловци „Еурофајтер Тајфун“ за патролирање на полскиот воздушен простор, откако Варшава ја обвини Русија за масовни кршења на границите со беспилотни летала, објави во понеделникot британскиот премиер Кир Стармер.
Во наредните денови, овие авиони ќе им се придружат на француските „Рафали“, германските „Еурофајтер“ и данските Ф-16, како дел од операцијата на НАТО „Источен стражар“, објави британската влада. Патролите ќе полетаат од базата Конингсби во источниот дел на Англија, поддржани од танкерот „Војаџер“ за полнење гориво во воздух, а нивната задача е да ги следат наводните закани од воздухопловството од Русија, вклучително и беспилотните летала.
„Овие авиони не се само демонстрација на сила, туку и клучен фактор во одвраќањето на агресијата, обезбедувањето на воздушниот простор на НАТО и заштитата на националната безбедност, како и безбедноста на сојузниците“, рече Стармер, обвинувајќи ја Русија за неодговорно однесување на источното крило на Алијансата.
Чешката Република веќе испрати три хеликоптери во Полска, додека Шпанија, Италија и Шведска ветија дополнителна поддршка. Полската војска тврди дека најмалку 19 руски беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор на 9 септември, но Москва го негира ова. Според Ројтерс, полски воен извор вели дека беспилотните летала се користат за совладување на украинската воздушна одбрана.
Рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, минатата недела во Советот за безбедност ги оцени овие обвинувања како неосновани.
Во вторник, Русија и Белорусија ќе ја завршат заедничката воена вежба „Запад 2025“, во која учествуваат околу 13.000 војници. Москва и Минск ги отфрлаат западните тврдења дека ова е проба за инвазија, оценувајќи ги како хистерија.
Минатиот месец, Полска ги започна своите маневри „Железен бранител 25“, во кои учествуваат околу 30.000 војници, вклучувајќи ги и силите на другите членки на НАТО.
Фото: принтскрин
Свет
Рубио: Трамп е единствениот лидер кој може да разговара со Русија, Украина и Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Според американските медиуми, Рубио нагласил дека Трамп е „единствениот лидер во светот“ кој има капацитет да разговара со Украина и Европа, како и со Русија. Тој додаде дека американскиот претседател ќе продолжи со своите напори за наоѓање решение за украинскиот конфликт.
Во исто време, дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат на различни нивоа.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков претходно изјави дека двете страни ќе се обидат да организираат уште еден состанок до крајот на есента за да разговараат за отворените и спорни прашања во билатералните односи.
Фото: принтскрин