Македонија
ДУИ:Интеграцијата во ЕУ и НАТО и Охридскиот договор се гарант за траен мир
Владејачката коалиција функционира во рамките на договорот кој е изграден на три столба: интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ и спроведувањето на Охридскиот Договор.
Владејачката коалиција функционира во рамките на договорот кој е изграден на три столба: интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ и спроведувањето на Охридскиот Договор. Само целосната посветеност на овие три приоритети може да гарантира траен мир, просперитет и меѓуетничка доверба во нашето општество.
Ова стои во официјалното соопштение на ДУИ по вчерашната седница на централното претседателство на партијата на која се анализирала актуелната ситуација во земјата по последните настани.
„ДУИ уште еднаш го потврдува своето определување дека единствениот пат за унапредување на положбата на Албанците во Македонија е спроведувањето на Охридскиот мировен Договор, со кој договор се гарантира изградба на држава на еднакви граѓани почитувајќи ги етничките, културните и религиозните диверзитети“ се додава во соопштението на партијата.
ДУИ ги повикува Албанците да ја зачуваат ладнокрвноста, да не бидат жртва на разни провокации и сценарија кои го поткопуваат процесот на интеграција на земјата и регионот, и како што се истакнува во соопштението да не го нарушуваат имиџот на албанскиот народ во сите држави каде живеат./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има на планинскиот премин Страцин, Битола, Прилеп, Македонски Брод, Кочани, Делчево, Струмица и Петровец.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода делови од скопски Центар
Поради уличен дефект од ф -200мм на ул. Питу Гули бр.5, прекинато водоснабдување од 09,00ч до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на ул. Питу Гули (градинка Кочо Рацин), ул. Ацо Караманов, Димитар Пандилов, Ганчо Хаџипанзов и дел од Караорман о. Центар.
Македонија
Без струја делови од Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 14,00ч корисниците од с. Кондово (горен дел од стара џамија), општина Сарај;
· Од 08,30ч до 15,00ч поголем дел од корисниците на ул. Стоби, ул.Пробиштипска, ул. Мице Козар и дел од ул. Социјалистичка зора, општина Ѓорче Петров и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од с. Пакошево, кон с. Ново Село, општина Зелениково