Македонија
Кејот во Охрид е идеален за уште неколку споменици
Просторот на потегот од градското пристаниште, долж кејот Маршал Тито, е идеален за поставување на уште неколку споменици на дејци кои ја одбележале македонската историја, сметаат охридскиот градоначалник, Александар Петрески и авторот на “духовниот триаголник“, академикот Томе Серафимоски.
Просторот на потегот од градското пристаниште, долж кејот Маршал Тито, е идеален за поставување на уште неколку споменици на дејци кои ја одбележале македонската историја, сметаат охридскиот градоначалник, Александар Петрески и авторот на “духовниот триаголник“, академикот Томе Серафимоски.
„Добро би било да се постават уште три четири споменици на истакнати дејци кои се дел од македонската култура и литература од познатото македонско средновековие. Секако тука мислам на Ангелариј, Тимотеј, Саво и Горазд, кои би дошле во своевидна близина на своите претходници“, истакна Серафимоски.
Градоначалникот на Охрид, побара да не се прави паралела меѓу она што се случува во Скопје и ова во Охрид. За охриѓани овие споменици значат духовно издигнување, поготово што доаѓаат од периодот на најзначајната македонска историја.
„Добрите идеи од секогаш сум ги следел, сметам дека добро e да се продолжи сo поставување на споменици и на други дејци, како и na истакнати охриѓани како Григор Прличев, Христо Узунов, Живко Чинго“, рече Петрески. /крај/охрид.њуз
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трето судење за „Пулс“: нов обид за воведни зборови на одбраната
Судењето за дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 лица и речиси 200 беа повредени, продолжува денеска со трето рочиште. Се очекуваат воведните зборови од одбраната, кои требаше да почнат минатата недела, но бранителите на обвинетите побараа интегрираниот обвинителен акт, покрај тоа што судот им го испратил ним како бранители, и официјално да им го испрати и на обвинетите оти, како што рече Петре Шилегов, адвокат на еден од обвиннетите, не е работа на бранителите да бидат судски доставувачи.
Судијката Диана Груевска-Илиевска ги одложи воведните зборови за следно судење и остави рок од шест дена за судска достава на интегрираните обвиненија и до обвинетите.
Откога не почна со воведни зборови, на рочиштето од минатата недела судијката Груевска-Илиевска побара оштетените да се изјаснат за отштетни побарувања. Но, и оваа постапка не можеше до крај да биде завршена бидејќи немаше адреси од сите оштетени, па уште на рочиштето од минатата недела побара нова листа со имејлови од сите оштетени и најави дека во истиот рок од шест дена, во кој треба да се достават интегрираните обвиненија и на обвинетите, ќе се доставуваат и известувања до сите оштетени дека треба да се појават на судење за да се изјаснат за отштетни побарувања.
Иако судијката Груевска-Илиевска најави динамика од две судења неделно, поради недостигот од адреси од оштетените и поради неиспратените интегрирани обвиненија до обвинетите, мораше едното судење да го одложи и затоа судењето продолжува денеска.
За трагедијата во „Пулс“ обвинети се 35 физички и три правни лица. Судењето почна на 19 ноември со воведни зборови од одбраната.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.

