Македонија
Кривична пријава од СДСМ за првиот парламентарец Вељаноски

СДСМ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски за злоупотреба на службената положба и фалсификат.
СДСМ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски за злоупотреба на службената положба и фалсификат.Од партијата сметаат дека со одземањето на мандати на пратеници во нивно отсуство, Вељаноски го прекршил Уставот и Деловникот на Собранието. Дополнително, од партијата велат дека противправно е извршено антидатирање на документи во собраниската архива. Од партијата обвинуваат дека со предложувањето на измени на законски решенија во период на неформирана влада, граѓаните нема да бидат во можност да чујат аргументи за и против.„Груевски и ДПМНЕ го злоупотребуваат овој вакум период до изборот на Влада, за да во скратена постапка донесат низа законски измени кои се одраз на новиот – јулски договор Груевски – Ахмети. Преку скратена постапка им оневозможуваат на граѓаните и јавноста а ги слушнат аргументите и се обидуваат, пазарот Груевски – Ахмети да го протнат шверцерски и на мала врата“, коментираат од СДСМ. Собранието на петтата седница треба да расправа за измени на законите за употреба на јазиците, на знамињата на заедниците, на законот за Судски Совет и за Советот на јавни обвинители. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)