Македонија
Умерено облачно и потопло
Метеоролизите за во вторник најавуваат умерено облачно и потопло време. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум степени. Максималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени.Во Скопје и околината слично време, со температура до 18 степени./ухмр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија, што се одржува на 3 и 4 февруари 2025 година во Будимпешта.
Јаневска ќе се обрати на две панел дискусии посветени на важноста и можностите за продлабочување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан во областа на образованието и иновациите, како и зајакнување на релациите помеѓу регионот и Унгарија.
Министерката ќе се сретне и со раководството на унгарскиот одбор за акредитација на високото образование, а ќе го посети и Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово и на Попова Шапка каде што се измерени -2 степени, 0 степени било во Маврови Анови и Крива Паланка, 1 во Лазарополе, 2 во Крушево, Прилеп, Струмица и Штип, 3 во Битола, Кавадарци, 4 во Тетово, Охрид, Претор, Виница, 5 во Скопје-Петровец, Велес, 6 во Скопје-Зајчев Рид, 7 Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 14 во Маврови Анови.
Времето денеска
Променливо облачно со слаб локален дожд, преку ноќта понекаде на повисоките планини ќе провејува слаб снег. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Македонија
„Една недела институционално насилство врз Албанците – седум дена што ќе остават последици со години“, порача ДУИ
„Во една недела што ја разоткри вистинската слика на власт што ги третира Албанците како непожелни во сопствената држава, провокациите не запреа ниту еден ден“, велат од ДУИ.
„Заменик-премиерот Стоилковиќ, кој претходно беше поставен на чело на министерството одговорно за Охридскиот договор не за да го брани, туку за да ги провоцира Албанците, сега го добива и одликувањето „Војвода Вук“ од здружение што ги промовира вредностите на војните од 1912-1918 година – период кога Албанците беа масакрирани и протерани од своите родни огништа, а ниту Македонците не поминаа подобро. Чиста провокација, отворен предизвик кон жртвите и историјата.
Милорад Додик, негаторот на масакрите во Сребреница и Косово, беше пречекан во Скопје со највисоки државни почести и оттаму испрати пораки против НАТО и Европската Унија, величејќи ја Русија. Ова покажа дека оваа влада нема никаков западен курс, туку единствено врски со силите што му донесоа трагедии на Балканот.
На историски ден, 28 јануари, кога се одбележа годишнината од назначувањето на првиот премиер Албанце, Албанците беа понижени и дискриминирани повеќе од кога било, во атмосфера на отворени провокации.
Во Собранието, раководено од негаторот на албанскиот јазик, Африм Гаши, беа вработени само тројца Албанци, наспроти дваесет Македонци, а одлуките продолжуваат да се издаваат исклучиво на македонски јазик.
Владата незаконски му го укина статусот на правно лице на Инспекторатот за албански јазик, со јасна намера да се елиминира секој механизам за заштита на јазичната еднаквост. Овој потег не е само напад врз еден институционален орган, туку напад врз сите Албанци.
Премиерот ја објави листата од 17 свои советници, на која Албанците речиси и да не постојат. Ова е јасен доказ дека Албанците не се добредојдени во неговата влада и дека за нив нема место во одлучувањето.
На границата со Косово продолжуваат понижувачките и намерни колони во Блаце, координиран обид да се попречи секојдневната комуникација меѓу Албанците од двете страни на границата.
А за крај на неделата, партиите од таканаречената Влен јавно признаваат дека не можат да ја освојат поддршката на Албанците и дека единствениот начин да преживеат политички е да се надеваат на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ.,
Маските паднаа означувајќи го почетокот на политичкиот крај за групацијата што ги продаде албанските интереси за лична моќ.
Само седум дена, но штета што ќе остави последици со години.
Влада што не управува, туку владее со Албанците со ароганција и дискриминација.
Власт што веќе не ги крие своите намери.
Недела што покажа дека битката за еднаквост не е завршена“, се наведува во соопштението на ДУИ.