Македонија
Продолжен рокот за легализација на дивоградбите
Нови измени во законот за градежништво со кои се продолжува рокот за поднесување на геодетски елаборати до 31 декември 2015 година за граѓаните кои сè уште ги немаат легализирано своите дивоизградени објекти.
Владата ги прифатила овие измените на последната седница и веднаш ги испратила на усвојување во Собранието на Република Македонија, истакна на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Тој информираше на ваков чекор се одлучиле бидејќи по направените консултации и анализи со граѓаните и геодетските компании бил добиен заклучок дека ниту граѓаните, ниту геодетските фирми не можеле во целост да ја завршат работата во претходно предвидениот рок.
Со новите измени се предвидува сите граѓани кои изградиле тераса или ја пренамениле до 3-ти март 2011 година ќе можат да ги легализираат за едно евро од квадратен метар.
„Тоа ќе важи за оние доградби кои се изградени до 3 март 2011 година“, истакна Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, осврнувајќи се на продолжувањето на рокот за легализација на тераси.
Со измените се допрецизира и постапката за легализација на подземната инфраструктура.
На прес – конференцијата беше истакнато дека за три години 350.000 граѓани поднеле барања за легализација на своите домови и дека до сега легализирани се 90.000 објекти./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски и Муртезани со високата претставничка на ЕУ, Каја Калас: забрзаната и фер динамика на процесот ќе придонесе за зајакнување на кредибилитетот на проширувањето
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Брисел остварија средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Каја Калас.
Средбата се одржа во рамки на нивната работна посета на Брисел, а во контекст на континуираната посветеност на државата кон европскиот интегративен процес и заедничките напори за продлабочување на партнерството со Унијата во областа на безбедноста и одбраната.
Муцунски и Муртезани ја потврдија посветеноста на реформите, европската агенда и унапредувањето на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната. Тие ја реафирмираа и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката за Украина, како и значењето на регионалната поврзаност и стратешките инфраструктурни проекти, меѓу кои и Коридор 8.
Двајцата министри упатија порака за важноста од предвидлива, фер и опиплива европска перспектива за целиот регион, нагласувајќи дека забрзаната и фер динамика на процесот ќе придонесе за зајакнување на кредибилитетот на проширувањето, демократската отпорност и безбедноста на регионот и Европа.
Македонија
Изградбата на водоводот за Љубанци и Љуботен напредува со одлична динамика, известуваат од општината Бутел
Денеска градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на систем за водоснабдување на граѓаните на село Љубанци и село Љуботен.
„Историскиот проект – изградба на водовод за Љубанци и Љуботен денес е реалност. Поставени се 400 метри цевковод на двата крака на трасата.
Истовремено, се поставуваат цевки на вториот крак на водоводот, на резервоарот Љуботен. Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски обезбеди 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти – систем за водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен, со чиста вода за пиење од градскиот водовод“, известуваат од Општината
„Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, за големата поддршка за овој исклучително значаен проект. Воедно, градоначалникот истакна дека иако многумина политичари не се ни обидоа и не веруваа, а некои политички противници сè уште го оспоруваат и се противат на проектот, граѓаните на Љубанци и Љуботен ќе имаат постојано водоснабдување со здрава и кавалитетна вода за пиење“, додаваат од Општината.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски говори изминативе 7 години про-руското влијание било зголемено во Македонија, тие години СДС и ДУИ беа на власт
„Почитуван’’ поранешен претседател на Македонија, она што го говорите на едно ваше интервју за наводно про-руско или про-српско влијание во државата во изминатите 7 години, да ве потсетиме дека тој период на власт беа СДС и ДУИ.
Од тие изминати 7 години, да ве потсетиме дека вие бевте претседател на државата, период во кој вие велите дека е зголемено истото тоа влијание во државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Прашуваат, дали Пендаровски, заедно со СДС и ДУИ, имаат создадено или овозможено про-руско влијание во државата? Дали Пендаровски и власта на СДС и ДУИ, лицемерно говореа и ја поддржуваа Украина, додека од друга страна создавале терен за други влијанија во државата?
„Како ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ја поддржуваме Украина и ја осудуваме Руската инвазија врз Украина, а тоа се потврдува и со зголемениот Буџет оваа година за помош на Украинаё“.

