Македонија
„Економист“ за Македонија: Скандал, тензија и турбуленција
„Кавгаџиска политика во Македонија – Скандал, тензија и турбуленција“ е насловот на анализата на лондонски “Економист“ (The Economist) посветена на политичката ситуација во Македонија
“Сакате избори? Добро. Од минатиот месец македонската опозиција, Социјал Демократите, кои го бојкотираат Парламентот, бара предвремени избори. Па замислете го изненадувањето кога Никола Груевски, премиерот – популист се согласи. Неговата математика е едноставна: тој ќе победи. Социјал Демократите излегоа од колосек. Условите не се добри за предвремени избори, одеднаш обвинуваат тие и бараат да нема избори пред јуни”, се вели во воведот на анализата на “Економист“.Според британскиот неделник, политиката во Македонија станала мрачна по влезот на полицијата во А1 телевизија. Економист пренесува дека можна причина за тоа се тврдењата дека новинарите биле плаќани во кеш, но го пренесува и ставот на антикорупционерот Слаѓана Тасева, според која, неплаќањето данок е секојдневие а изборот да се гони токму Рамковски е доказ за поттиснување на независните медиуми.Економист, коментирајќи го моменталниот рејтинг на политичките партии, коментира:“Македонските анкети се неверодостојни, но тие сугерираат дека Груевски е многу попопуларен од Црвенковски, неговиот опозициски противник. Невработеноста е висока, а спорот за името со Грција нерешен, што е причина за блокада на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Би можело да се очекува овие проблеми да одат во прилог на опозицијата. Но Црвенковски беше премиер два пати и претседател еднаш. Не можеше да ги реши тогаш, а денес изгледа уморен”.Во анализата не се одминати ниту последните случувања, поврзани со изградбата на црквата-музеј на скопското „Кале“.“Тензиите меѓу етничките групи во Македонија пламнаа поради градењето на музејот во форма на црква на старата тврдина во Скопје, за што Албанците не се среќни. Владата вети дека ќе ја сопре изградбата. Работниците се прикрадоа ноќе за да работат, а Албанците за да ја срушат. Десет години откако герилците на Ахмети за малку не ја воведоа земјата во војна, никој не сака обновување на конфликтот. Но проблемите нема сами да си заминат”, се вели во анализата на „Економист“ за моменталната ситуација во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради сообраќајна незгода, во прекин сообраќајот на патот Велес-Градско
Од 18:40 сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за прочистување на Дојранското езеро
ВМРО-ДПМНЕ одби уште еден амандман на СДСМ, со кој беше предложено да се обезбедат средства за изградба на колекторскиот систем во општина Дојран. Овој проект е од суштинско значење и за санитарните и за еколошките услови во општината, особено за заштитата на водата во Дојранското езеро, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисијата за финансирање на буџет.
– Со овој колекторски систем ќе се овозможи собирање и прочистување на отпадните води, пред нивното испуштање со што ќе се спречи загадувањето на езерото и ќе се подобри квалитетот на водите, придонесувајќи за заштита на природната средина, рече Лукаревска.
Таа објасни дека со реализација на овој проект општина Дојран ќе го зајакне својот туристички потенцијал, ќе има позитивни економски ефекти, а ќе се зголеми и квалитетот на живот на локално население.
Македонија
Филипче: Националниот совет за евроинтеграции е добра основа за единство
Националниот совет за евроинтеграции, што во Собранието го предводи опозицијата, а во којшто членуваат и претставници на власта, граѓански организации и експерти претставува широка платформа којашто доколку функционира како што е предвидено, е добра основа за постигнување на национално единство по однос на клучните прашања поврзани со евроинтеграциските процеси.
Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање по денешната средба со претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова за тоа колку Владата ја вклучува опозицијата во процесите за деблокада на евроинтеграцискиот пат.
„Ако Националниот совет за евроинтеграции функционира на начин на кој Владата ќе го информира за сè што се случува, како се исполнуваат реформите од реформската агенда, од Планот за раст, ние ќе имаме заедничка работа “, истакна Филипче, кој како пратеник е претседател на Националниот совет за евроинтеграции.
Претседателот на СДСМ уште еднаш потсети дека целокупната реформска агенда и Планот за раст е изготвен од Владата на СДСМ и дека од страна на актуелната Влада се направени многу мали измени пред сегашниот премиер, Христијан Мицкоски да го стави својот потпис на овие документи.
Филипче потенцираше дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција, којашто Владата, согласно ветувањата ќе ја обезбеди. Во однос на обидите за поддршка за уставни измени со одложено дејство, Филипче рече:
„Ја информирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ сме се обиделе уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа не било прифатено од бугарската страна под раководство на тогашниот премиер Кирил Петков. Така што било која подобрена позиција ние ќе ја поддржиме“.
Претседателот на СДСМ смета дека пред да се разговара за какво било решение, вклучително и за уставни измени со одложено дејство, треба да се добие потврда дека такво решение е возможно.
„Многу опции и варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав многу состаноци на кои и тогашниот премиер Димитар Ковачевски и тогашниот главен преговарач Бојан Маричиќ ми укажаа кои обиди биле направени и што било возможно, што не било возможно. Ние го направивме тоа. Сите други обиди, меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени тогаш бугарската страна не ги прифатила“, изјави Филипче и додаде дека што и да направи сегашната Влада што ќе ги подобри нашите позиции, опозицијата ќе поддржи таквото решение.
Филипче потсети дека СДСМ иницираше собраниска седница за премиерот да ги соопшти позициите на Владата и кои земји ја поддржуваат во нејзините напори за подобрување на положбата на земјава во однос на преговорите со ЕУ. Тоа и понатаму останува како барање од опозицијата, рече Филипче.