Македонија
Груевски – мирни избори се државен приоритет
Најголем државен интерес и приоритет е изборите да минат во мирна и демократска атмосфера, и затоа институциите на системот ќе сторат се да обезбедат
Најголем државен интерес и приоритет е изборите да минат во мирна и демократска атмосфера, и затоа институциите на системот ќе сторат се да обезбедат непречено гласање на вториот круг.Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски во пораката по повод неделниот втор круг гласање на претседателските и локалните избори.„Доколку се појават било какви облици на заплашување или вршење на притисок врз граѓаните од страна на било кои функционери, без разлика на институциите и нивото на власт од која тие доаѓаат, како и без разлика на нивната партиската припадност, ќе бидат превземени сите расположливи мерки истите да бидат спречени и најостро санкционирани”, посочи премиерот.Тој наведе дека фер и демократски избори ќе претставуваат заеднички влог во продолжувањето и осигурувањето европската иднина на Македонија.„Повторувањето на демократскиот успех од првиот изборен круг потребно е да претставува заедничка цел која ќе ги обединува и сплотува сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната политичка, етничка, религиозна или било каква друга припадност” нагласи премиерот Груевски.Премиерот ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите в недела/крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

