Македонија
Сите беа Македонци на концертот за независноста
На музичкиот спектакл по повод Денот на независноста, 8 септември, Националната арена „Филип Втори“ прими повеќе од 61.000 посетители, гости од цела Македонија, кои уживаа во концертот „Македонското срце чука во 7/8“, на браќата Тавитјан.
„Безвременската музика и култура што ги продуцира овој простор е доказ за тоа дека Македонија е вечна и вечна ќе остане. Оваа македонска енергија патува ширум Балканот и целиот свет низ песната. Најголемите пејачи на Балканот со огромна љубов и почит ќе ги испеат нашите преубави песни. Оваа вечер сите ние од секаде и од разни нации и култури ќе бидеме Македонци“, рече Гаро Тавитјан.
Позитивната енергија кај сите ја пренесе параолимпијката Оливера Накова – Биковска, која освои златен медал и постигна светски рекорд, во пукање со воздушен пиштол на 10 м., заедно со нејзиниот колега Ванчо Каранфилов и тренерите, кои излегоа сцена.
Официјално, прославата почна со интонирање на македонската химна во изведба на реномираниот оперски пејач Игор Дурловски, а најавеното изненадување, на кое публиката реагираше со аплауз и извици, беа два хеликоптери, што го надлетаа стадионот, веејќи го македонското знаме.
Публиката од сите генерации и од сите крашта на Македонија, потоа имаше можност да ги пее преработките на старите македонски песни – „Калино моме “, „Не кажувај либе добра ноќ“,„Битола, мој роден крај“, „ Деј гиди луди млади години“, „Ој Јано, Јано“,„Сношти сакав да ти дојдам“, „Калеш бре Анѓо“, „Јовано Јованке“,и други.
Македонските песни беа во изведба на Калиопи Букле, Каролина Гочева, Владо Јаневски, Мики Јовановски – Џафер, Ристо Самарџиев, Влатко Лозаноски, Есма Реџепова, Нина Бадриќ, Борис Новковиќ, Горан Каран, Аки Ракимовски, Хари Варошановиќ, Дадо Топиќ, Тереза Кесовија, Јосипа Лисац, Сергеј Четковиќ, Антонија Шола, Александра Радовиќ, Жељко Бебек,..
Пред почетокот на официјалниот дел, публиката ја забавуваа, „Танец“, Елвир Мекиќ и Адела, Тијана Дапчевиќ и Тамара, а секако низ целата програма присутните ги водеше незаменливиот Игор Џамбазов.
Концертот, заврши со огномет, беше директно пренесуван на Македонската радио телевизија и на видео бим на плоштадот „Македонија“.
Во продажба беа пуштени влезници по симболична цена од 20 денари, а сите посетители на влезот на арената го добија албумот „Македонското срце чука во 7/8“.
Средствата од билетите ќе бидат дадени за хуманитарни цели./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Панична пропаганда се за Петрушевски обвинувањата од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
„Обвинувањата на СДС се класичен пример на панична пропаганда без факти и без аргументи“, рече денес пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ дека место нови лица старата банда е реформата во ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО сертификат, што целосно ги демантира лагите дека бил ’одбиен од НАТО’ или дека не исполнувал безбедносни услови. Сѐ друго е злонамерна конструкција за дневнополитички потреби. ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи согласно Статутот и со јасна цел, ефикасна, одговорна и европски ориентирана партија. Обвинувањата за наводна контрола врз институции и медиуми се неосновани и доаѓаат од структури кои со години ја злоупотребуваа државата и сега се плашат од одговорност“, рече Петрушевски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи Петрушевски, останува цврсто посветена на политиките што значат Македонија интегрирана во ЕУ, стабилен НАТО партнер и заштита на државните и националните интереси.

