Економија
Македонците се оптимисти иако одвај составуваат крај со крај
Граѓаните на Македонија главно се оптимисти во врска со финансиската состојба на домаќинствата, иако повеќе од половината одвај составуваат крај со крај, покажа најновото истражување на ГфК барометар
Според истиот извор, финансиската состојба во домаќинствата на повеќе 55 отсто од Македонците во октомври годинава, останала непроменета во однос истиот месец лани. Состојбата се подобрила кај 23 отсто домаќинства, а се влошила кај 22 проценти.Вкупно 36 отсто од испитаниците очекуваат финансиската состојба дома да им се подобри во наредните 12 месеци, влошување очекуваат 18 отсто, а за иста состојба се изјасниле 46 проценти од испитаниците. Македонците, во споредба со граѓаните на Хрватска, Бугарија, Чешка, Полска и Романија, се најмалку загрижени за финансиската состојба во иднина. Дури 57 отсто од Романците очекуваат влошување на финансиската ситуација, исто како и 53 проценти од Бугарите и 52 отсто Хрвати. За разлика од повеќе од третина од Македонците, кои очекуваат подобрување на личните финансии, најголеми песимисти се Хрватите. Само 4 отсто д нив очекуваат подобрување на финансиската состојба во домаќинството. Ним им се придружуваат 5 отсто Чеси, 7 отсто Бугари, 9 проценти Романци и 15 отсто од жителите на Полска.Дури 41 отсто од испитаниците во Македонија рекле дека одвај составуваат крај со крај, седум проценти ја трошат заштедата за да го поминат месецот, а три отсто се задолжуваат. Од друга страна, дури 45 проценти од семејствата очекуваат дека ќе успеат нешто и да заштедат.Одвај составуваат крај со крај 65 отсто од Бугарите, 61 процент Романци и 60 отсто од полските домаќинства. Заштедите ги трошат и се задолжуваат 28 отсто од Хрватите, 24 проценти од Романците, 15 отсто од Полјаците, 13 проценти од Бугарите и 7 отсто Чеси.Истражувањето, кое покажува дека Македонците и покрај најлошите економски податоци, споредени со Хрватска, Бугарија, Чешка, Полска и Романија се најмалку загрижени за својата иднина или се надеваат на подобрување, ГфК го изврши во октомври годинава на репрезентативен примерок граѓани постари од 18 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

