Економија
Над 70 отсто од прометот на берзата остварен со обврзници
Вкупен промет од 25.941.801,70 денари остварен е во понеделникот на македонска берза, при што дури 72 отсто од прометот е направен со државните обврзници.
Вкупен промет од 25.941.801,70 денари остварен е во понеделникот на македонска берза, при што дури 72 отсто од прометот е направен со државните обврзници.
Сите три индекси го променија трендот и прикажаа намалување на дневна основа. МБИ0 оствари пад од 2,26%, а вредноста му изнесуваше 2.964,98 индексни поени. МБИД со намалување од 0,70%, ја спушти вредноста на 3.162,41 индексни поени. ОМБ оствари незначителен пад од 0,30% при ниво од 110,80 индексни поени.
На редовниот Пазар остварен беше промет од 24.418.238,70 денари при реализирани 84 трансакции, од кои 18.664.573,70 денари се остварени со државните обврзници, додека на редовниот Пазар остварен беше промет од 1.523.563,00 денари што претставува само 6,3% од вкупниот промет.
Државните обврзници за денационализација повторно беа помеѓу најликвидните од официјалниот пазар. Овој пат се издвоија државните обврзници за денационализција од осмата и седмата емисија.
Државната обврзница за денационализација од осмата емисија оствари промет од 16.482.864,94 денари што претставува 63,5% од вкупно остварениот промет. Просечната цена изнесуваше 86,77% од номиналната вредност што значеше пораст од 0,59%. Истргувани беа 310.517 обврзници кои се реализираа преку 12 трансакции. Државната обврзница за денационализација од седмата емисија оствари промет од 2.178.459,19 денари. Просечната цена изнесуваше 86,98%, а остварен беше пораст од 0,41%. Истргувани беа 40.939 обврзници кои се реализираа преку 4 трансакции. Од акциите кои котираат на официјалниот пазар, најликвидна беше Комерцијална Банка Скопје со промет од 1.631.950,00 денари. Со просечната цена од 2.999,91 денари беше остваарен остар пад од 3,49%. Истргувани беа 544 акции преку 9 трансакции. Од редовниот пазар најликвидна беше Прилепска Пиварница Прилеп со промет од 341.380,00 денари. Просечната цена од 11.379,33 денари значеше пораст од 3,12%. Истргувани беа 30 акции кои се реализираа преку 4 трансакции. Втора по промет од редовниот пазар беше ФЗЦ 11 Окотмври Куманово со промет од 329.610,00 денари. Просечната цена од 1.287,54 денари значеше намалување од 1,52%. Истргувани беа 256 акции кои се реализираа преку 8 трансакции.Согласно податоците од Централниот Депозитар за хартии од врендост, на 27.11.2009 е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):Охис АД Скопје – 18 обични акции;Тетекс АД Скопје – 10.000 обични акции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 082. Р.Македонија – Денационализација 073. Комерцијлна Банка Скопје4. Алкалоид Скопје5. Гранит Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Прилепска Пиварница Прилеп 3,12% 2. Стопанска Банка Битола 2,98%3. Р.Македонија – Денационализција 08 0,55%4. Р.Македонија – Денационализција 07 0,41%5. Тутунска Банка Скопје 0,20% Хартии од вредност со најголем пад1. Стопанска Банка Скопје 5,23%2. Р.Македонија – Денационализација 03 4,71%3. Гранит Скопје 4,17%4. Комерцијална Банка Скопје 3,49%5. Топлификација Скопје 2,99%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

