Македонија
Хелсиншкиот Комитет бара итна истрага за убиеното момче и остро ги осудува акциите на МВР во случајот со Љубе Бошкоски

Хелсиншкиот Комитет бара итна, целосна и транспарентна истрага по случајот на убиството на младото момче, со ефикасен исход и соодветни мерки против сторителот на делото и инсистира на почитување на принципот на пресумпција на невиност и фер постапка кон Љубе Бошкоски.
Хелсиншкиот Комитет бара итна, целосна и транспарентна истрага по случајот на убиството на младото момче, со ефикасен исход и соодветни мерки против сторителот на делото и инсистира на почитување на принципот на пресумпција на невиност и фер постапка кон Љубе Бошкоски.
„Акцијата преземена од страна на припадник на полицијата, при што еден млад живот згасна на многу нечовечки и брутален начин, уште еднаш покажува дека реформите во полицијата не ги даваат соодветните резултати и дека таа е повторувач во однос на реформското учење “, стои во соопштението до медиумите од Хелсиншкиот Комитет.
Во врска со вчерашното апсење на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Бошкоски, од ХК велат дека и таа акција не беше лишена од спектакуларност и од интерни снимки на МВР дистрибуирани до медиумите.
„Повторно беше воочено прекумерно ангажирање на полициски сили за што апсолутно немаше потреба, бидејќи во случајот се работи за приведување на лице кое не дава отпор при приведувањето, со што не постои ризик по полициските службеници. Имајќи ја предвид кампањата која Бошкоски ја водеше во предизборието, неизбежно се наметнува прашањето дали можеби повторно се фрла сенка на слободата на говор за критикување на власта?! Дали станува збор за политички реваншизам и замолчување на гласните критикувачи или за владеење на правото подеднакво за сите?!“, реагираат од Хелсиншкиот Комитет./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.