Свет
Најмалку 32 повредени во судир на полиција и демонстранти во Алжир
Мала група поддржувачи на алжирската опозиција се судри денеска со полицијата, во обидот да го одржат протестот кој не беше дозволен од властите, при што се повредени 32 лица, пренесува Reuters
Протестот беше закажан на само една недела откако бранот демонстрации во соседен Тунис го симна од власт авторитарниот претседател на Тунис и го потресе целиот арапски свет.Лидерот на партијата RCD, Саид Саади, која е најголема опозициска партија во алжирскиот парламент, за новинарите изјави дека тој и уште неколкумина партиски функционери биле опкружени од специјални полициски единици веднаш штом се обиделе да излезат од штабот на партијата за да им се придружат на демонстрантите.„Имаме 32 повредени, вклучувајќи и еден член на парламентот. Бевме спречени да протестираме од огромните полициски сили: преку 1.500 полицајци беа распоредени на улиците на Алжир“, изјавил телефонски за Reuters, Саади. Официјалната новинска агенција на Алжир, АPS, цитираше извори во полицијата, кои рекле дека повеќе луѓе се уапсени, а биле повредени и седуммина полицајци, двајца од нив потешко. Според дописникот на Reuters, пак, на местото каде што требало да започнат протестите се појавиле само околу 15 луѓе. Сепак, стотици полицајци во полна опрема биле распоредни на местото, вклучително и полициски хеликоптери. Опозицијата во Алжир, која е голем извозник на енергенси, тврди дека владата не ги инвестира приходите од извозот на енергенси за да им го подобри животот на луѓето, дека воведува рестрикции за политичките партии и дека армијата е премногу моќна. Поранешната француска колонија, која ја снабдува Европа со околу 20 проценти од нејзините потреби за природен гас, се уште заздравува од конфликтот меѓу силите за безбедност и исламистичките милитанти, кој траеше повеќе од една деценија и во кој загинаа околу 200 илјади луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

