Црна хроника
Во две кражби украдени околу 20.000 евра
Во две одделни кражби во Скопје и во Тетово, украдени се евра, плеј стејшн, компјутер и златен накит, во вредност од околу 20.000 евра.
Во две одделни кражби во Скопје и во Тетово, украдени се евра, плеј стејшн, компјутер и златен накит, во вредност од околу 20.000 евра.
Имено, во периодот од 15.30 часот на 31.03.2016 година до 15.45 часот на 03.04.2016 година во Скопје на улицата „Хо Ши Мин“, во семејната куќа сопственост на Џ.С. (33), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со погоден предмет ја отворил балконската врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 10.000 евра, плеј стејшн и компјутер, а потоа го напуштил местото. Со тоа истиот се стекнал со противправна имотна корист од 660.000 денари.Во понеделникот, пак, во периодот од 20.15 до 21.15 часот во село Одри, тетовско, во куќата сопственост на А.С. (52), непознати сторители извршиле тешка кражба.Сторителите насилно влегле внатре и по извршеното пребарување одзеле разновиден златен накит по што го напуштиле местото. Со тоа се стекнале со противправна имотна корист од околу 447.00 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Пијан, 65-годишник од Свети Николе им се заканувал на синовите и го нападнал едниот
65-годишен жител на Свети Николе бил приведен откако во семејниот дом им се заканувал на своите двајца синови со остар предмет, а едниот од нив и физички го нападнал.
Инцидентот се случил на 7 февруари околу 21:30 часот, а полицијата интервенирала истата вечер во 22:45 часот. По приведувањето било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол – измерени му биле 2,16 промили во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен маж во струшката болница, aгресивно се однесувал со медицинските лица
Утрово околу 01:40 часот, во Општата болница во Струга бил приведен 59-годишниот М.А. од селото Делогожда, поради агресивно и непримерно однесување кон медицинскиот персонал.
Како што информира МВР, лицето со гласно викање и агресија го нарушило јавниот ред и мир и ја загрозило сигурноста на здравствените работници.
По интервенција на полицијата, тој бил приведен, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

