Свет
Јужнокорејскиот брод потона близу до границата со Северна Кореја
Јужнокорејскиот воен брод, по експлозија од засега непознати причини, потона денеска во близина на границата со Северна Корејa
Јужнокорејскиот воен брод, по експлозија од засега непознати причини, потона денеска во близина на границата со Северна Кореја
Ова го соопштија јужнокорејски воени извори, додавајќи дека се спасени 58 од 104 морнари колку што имало на бродот.
Владата во Сеул веднаш свика вонредна седница, а портпаролот на претседателството рече дека се уште не е јасно дали тонењето на бродот е последица на поморски инцидент со севернокорејските сили.
Јужнокорејската агенција Јонхап прво објави дека еден јужнокорејски брод отворил оган на неидентификуван објект на местото на инцидентот, а претставник на главниот штаб соопшти дека мета всушност било јато птици.
Засега не е утврдено дали Северна Кореја е вмешана, рече портпаролот на јужнокорејското претседателство Ким Еун Хие, додавајќи дека е шефот на државата Ли Мјунг Бак наредил да се направи се што е можно за спасување на екипажот.
Агенцијата Јонхап, повикувајќи се на владини извори, рече дека со истрагата се опфатени неколку можни извори на тонење на бродот и тоа севернокорејски торпеден чамец, подметната бомба и експлозија на оружениот арсенал на бродот.
Бродот со тежина од 1.400 тони потона во близина на островот Беангнеонг во Жолтото море.
Односите меѓу двете Кореи значително се влошија во 2008 година кога на власт дојде јужнокорејскиот претседател Бак.
Северна и Јужна Кореја по војната на Корејскиот полуостров пред 60-тина година се уште не склучиле мировен договор, туку само примирје./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

