Македонија
Аплауз за Никола Младенов за сe што направи во новинарството
Со долг аплауз, колегите, пријателите и семејството на новинарот Никола Младенов, му оддадоа почит за се што направи во новинарството.
Сопругата на основачот и главен и одговорен уредник на неделникот Фокус, Билјана Младенова, наместо едноминутно молчење побара едноминутен аплауз за нејзиниот сопруг за се што направил во медиумскиот бизнис и за новинарството.
„Се гордееше со сите новинари на Фокус. Велеше Фокус не го правам јас, туку новинарите во редакцијата. Постојано повторуваше колку новинарите се послободни, толку се поодговорни во она што го работат. Во овој момент, кој што не е ништо поразличен од другите, во којшто го тужат „Фокус” за да покажат дека наводниот Закон за декриминализација на навреда и клевета ги промени работите, нормално требаа да пробаат и да покажат на „Фокус”. Ниту 50.000 евра што ги плати, ниту овие три по 25.000 немаше да го уништат. „Фокус ќе постоеше “, рече Младенова и посебно и’ се заблагодари не новинарката Јадранка Костова со која Младенов долги години соработуваше а последната година ипол година и на дневното издание Фокус.
На комеморацијата говореше и неговиот долгогодишен колега Синиша Станковиќ кој рече дека Младенов не бил „новинарче“, туку новинариште и борец за слобода.
„Сакаше оваа држава да биде ослободена од глупоста, арамилакот, неправдата“, рече Станковиќ.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани рече дека со смртта на Младенов, новинарството загуби многу.
„Докрај им остана верен на читателите и критичар на секоја власт. Ова општество уште не научи да ги цени нашите верни граѓани додека се живи“, рече Селмани.
„Направи многу повеќе за демократизација на ова општество од која и да е политичка партија“, рече Тамaра Чаусидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинарите во Македонија.
На комеморацијата говореше и новинарот на Фокус, Саше Димоски и колумнистката Мимоза Ристова.
Никола Младенов загина вечерта во вторникот кон средата во тешка сообраќајка кај клучката кај Хиподром./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос
Премиерот, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.
Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.
На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.
За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.
Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.
Македонија
(Видео) Роберт Шоповски го фати богојавленскиот крст во Елшани
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.

