Свет
Сирија: силите за безбедност убија уште 11 цивили
Сириските сили денеска убија најмалку 11 лица во текот на масовните протести ширум земјата против претседателот Башар ал Асад, тврдат активисти за човекови права и очевидци
Сириските сили денеска убија најмалку 11 лица во текот на масовните протести ширум земјата против претседателот Башар ал Асад, тврдат активисти за човекови права и очевидциПетмина цивили се убиени во текот на ноќта во најбунтовниот град Хомс на 165 километри северно од Дамаск, кој до сега даде и најмногу жртви. Уште шестмина во текот на денот се застрелани во демонстрациите во предградието на Дамаск, Млееха, повторно во Хомс и во регионот Идлиба на северозапад на земјата.„Денеска имаме најмалку шестмина нови маченици и сите се убиени во текот на денот“, изјави Амар Кураби, директор на сириската Национална организација за човекови права. Според активистите за човекови права со оружје ги потиснале демонстрациите во неколку реони на Дамаск, во Латакија на брегот на Средоземното море, во градот Дера на југот на земјата и во градот Деир ал-Зора на истокот. Денеска дојде и до прва директна пресметка на силите за безбедност и припадниците на курдското малцинство во земјата, во градот Камишли на североисток на земјата, претежно населен со Курди. Силите за безбедност не употребиле оружје, туку само палки и солзавец. Нема извештаи за мртви или повредени.Според непотврдени информации, на денешните протести, кои се продолжение на традицијата секој петок по молитвите да се демонстрира и која се практикува уште од почетокот на немирите во март, учествувале преку еден милиони Сиријци. Активистите за човекови права тврдат дека само во Хама и во Деир ал-Зора на улиците излегле околу 1,1 милион луѓе. Истите извори тврдат дека во источниот град Алб Камала, на границата со сунитскиот дел на Ирак, неколку екипажи на воени тенкови пребегнале на страната на демонстрантите, поради што единиците составени од Алавити (религиозна група, на која и припаѓа и претседателот ал-Асад) го опколиле градот и бараат од дезертерите безусловно предавање. Активистите велат и дека ваквите инцидент создаваат се поголемо незадоволство во армијата, во која мнозинство се сунитите. Од почетокот на немирите до сега се убиени околу 1.400 цивили и 350 припадници на силите за безбедност. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.

