Македонија
Конструктивна лидерска средба за изборите

Предлози како претстојните претседателски и локални избори да минат во демократска и ефикасна процедура, разгледаа денеска партиските лидери на
Предлози како претстојните претседателски и локални избори да минат во демократска и ефикасна процедура, разгледаа денеска партиските лидери на средба, која ја оценија како конструктивна.
На средбата учествуваа лидерите на владеачките ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, и на опозиционите СДСМ и ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, како и министрите за правда и за внатрешни работи, Михајло Маневски и Гордана Јанкуловска.
Лидерската четворка, како што јавија електронските медиуми, ја прецизирала процедурата за изборниот ден.
Граѓаните при влегувањето на гласачките места ќе мораат да се изјаснат дали ќе гласаат и за претседателски и за локални избори, или само за шеф на државата или само за локални власти.
Тоа значи дека на денот на избoрите граѓаните веднаш или ќе бидат заокружени или прецртани на избирачките списоци во зависност од нивната одлука за кои од изборите ќе го дадат својот глас.
Според опозициониот СДСМ, тоа ќе биде ви функција да има ефикасно гласање и да се отфрлат обвинувањата за наводен бојкот на изборите.
Премиерот и лидер на ВМРО –ДПМНЕ по лидерската средба изјави дека работите тргнале во добар правец.
Заедно се согласивме дека работите за одржување фер избори тргнаа во добар правец. Беше посочена листа на работи од сите политички партии кои ги дискутиравме и речиси за сите се понудени решенија. За некои од нив ќе имаме посебни состаноци. За некои ќе дискутираме следниот викенд кога ќе имаме уште една средба за пред почетокот на кампањата уште еднаш да се собереме за да кажеме дека се она што е договарано сме го завршиле, изјави Груевски по средбата.
Следната лидерска средба би требало да се одржи следниот викенд./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес се навршуваат 24 години од загинувањето на бранителите кои нагазнаа на мина кај Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.
Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев ќе положи венци со свежо цвеќе пред спомен обележјето на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров, споменикот на паднатите бранители во село Волково, споменик на загинати бранители во село Љубанци и спомен-плоча во касарната „Илинден“.
Делегација на Собранието во состав на пратеничките Емилија Ангелова и Каролина Насковска, ќе положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето поставено во чест на загинатите бранители во село Љубанци.
Општина Ѓорче Петров организира оддавање почит пред спомен-чешмата на Томислав Настески – Бумбар, во урбана заедница Мирче Ацев (ул. „Ѓорче Петров“) додека централна комеморативна манифестација ќе биде пред споменикот на загинатите бранители во Волково.
На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.
Македонија
Летните одмори направија редици на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Внимавајте на сонце, денес многу топло со температури до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне и 40 степени.