Македонија
„?????????? ?????? 07“ ????????? ?? 8 ?????

Од 8 до 15 април на воениот полигон Криволак започнува вежбата „Македонски блесок 07“
Новина во оваа вежба е тоа што за прв пат ќе се оценува средната пешадиска батаљонска група. Основната цел на оваа вежба е да се демонстрира високото ниво на интероперабилност на декларираните единици од АРМ, како потврда дека македонската армија е рамноправен партнер во мисиите што ги предводат НАТО и ЕУ. Сценариото на вежбата е дизајнирано исклучиво за изведување на вежбата без намера да се претстави постоечка ситуација во светот. Модифицираната карта на Македонија и нејзините соседи ќе се користи само како прилог на измисленото сценарио. Во оваа вежба вкупно ќе учествуваат 1.500 војници, оваа национална вежба е отворена за НАТО земјите како набљудувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица се чека 15-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Богородица за излез од државата време на чекање изнесува 10-15 минути, а на другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Општина Ѓорче Петров: Пожарите локализирани без човечки жртви и со минимални штети

По серијата пожари што вчера зафатија неколку локации на територијата на општина Ѓорче Петров, утрово се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб, на кој беа разгледани настаните, беа утврдени предизвиците на терен и беа донесени конкретни заклучоци за унапредување на координацијата и реакцијата при идни интервенции.
Во услови на силен ветер и отежнати временски услови, благодарение на навремената интервенција и целосната ангажираност на сите служби, пожарите беа локализирани без човечки жртви и со минимални материјални штети, велат од Општината.
„Во текот на целиот ден бев на терен и лично сведочев на пожртвуваноста и за организираноста на сите служби, како и на храброста и солидарноста на нашите сограѓани. Ѓорче покажа дека знае да се справи кога е најтешко. Сите заедно, како едно“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
На состанокот на Кризниот штаб беа донесени мерки за: поефикасна координација помеѓу институциите, побрза мобилизација на ресурси на терен, јасна комуникација и редовна проверка на потенцијално ризични подрачја.
Градоначалникот Стојкоски упати благодарност до Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, како и до поединци и жители на општината, кои доброволно се вклучија со сопствена механизација и помош во гаснењето на огнот.
„Општина Ѓорче Петров останува целосно мобилизирана и будно ја следи состојбата на терен, со јасна определба за брза, навремена и сеопфатна заштита на граѓаните и јавните добра“.
Македонија
(Видео) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање по идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше

Вчера на површина излегоа сите лаги на СДС и на Бугарија. Сите тези дека само да влезат Бугари во Устав и влегуваме во ЕУ се покажаа како целосна невистина, истакна на прес-конференција Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, гласањето во ЕП за бришење на термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија, покажа дека Бугарија нема намера да застане кај внесувањето на Бугарите во Уставот.
Всушност, вели тој, тоа е само изговор за се друго.
„Целта не била Бугари во Устав туку бришење на јазикот и удирање по идентитетот. Бугарија е разоткриена.
Вчера пропаднаа и сите лаги на СДС, чии политики не донесоа до ова дереџе, и кои кога подававме рака за соработка и заедничка национална стратегија не прифатија, туку тераа по свое, продавајќи се што може.
И сега, кога го избришаа Македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП, СДС не чекаа ниту минута, и тргнаа да се ситат.
Се е на виделина, веќе нема ништо сокриено. Политиките на Заев и Филипче на ,, еден народ, две држави” и ,,Делчев е Бугарин” сега го земаа својот данок“.
Жално е, додава Ковачки, што тоа што ние го говоревме, а за жал се случи вчера, го знаеја и во СДС и свесно првин потпишаа штетен договор, а потоа и со сите сили сакаа да ја обезличат нацијата ставајќи ја во процес кој требаше да заврши со целосна негација на Македонскиот јазик и идентитет.
ВМРО-ДПМНЕ, според него, во таа игра не влегло, и како што рече, нема да влезе.
„Само противењето на ВМРО-ДПМНЕ од сам почеток уште кога СДС го потпишуваше договорот ја спаси државата од целосен срам и бришење на идентитетот.
Воедно ќе остане запишано и за векови запаметено дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент и пред да се донесе срамниот амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент.
Вистинските цели на Бугарија од вчера се на чисто, тие сакаат бришење на Македонскиот јазик и идентитет, бришење на историјата и бришење на вистината“.
Ковачки оценува дека е трагично што за своите шовинистички политики се обидуваат да ја користат ЕУ.
„Пораката од ВМРО-ДПМНЕ е јасна, ние нема да дозволиме ново предавство и нема да отстапиме од заветот на ВМРО“.