Македонија
Новите вработени во Комисија за лустрација ќе бидат без безбедносни сертификати
Комисијата за верификација на фактите можеби нема да ангажира волонтери поради зголемениот обем на работа што ја очекуваат пред локалните избори, туку ќе се обидат да прераспределат државни службеници од други институции.
Претседателот на Комисијата, Томе Аџиев вели дека со новиот Закон за лустрација на новите вработени нема да им требаат безбедносни сертификати, затоа што со новиот Закон сите досиеја се декласифицирани и ќе може да бидат објавени.
„Улогата на комисијата е да утврди кои се соработници. Досиејата се отворени за јавноста во смисла се што ќе утврди комисијата како соработник може да го објави, значи ќе биде достапно за сите граѓани“, изјави Аџиев.
Тој уверува дека нема да има злоупотреби, бидејќи доколку некој од нив го злоупотреби пристапот до досиејата ќе следуваат казни, како што било и досега.
Комисијата ќе бара да се прераспределат вработени од Архивот на Македонија и од Министерството за информатичко општество.
Наспроти уверувањата на Аџиев дека волонтери им се потребни, одредени членови на комисијата не се сложуваат луѓе без безбедносни сертификати на ниво на волонтери да работат во Комисијата за верификување на фактите.
„Апсолутно сметам дека во Комисијата нема место за волонтери. Нашата работа е посебна и ако ние, членовите на Комисијата, имаме безбедносни сертификати и сите други вработени тука, како и хигиеничарката , тогаш мора и оние кои би волонтирале да имаат безбедносни сертификати“, вели членот на Комисијата, Благоја Гешоски.
Според него, во Комисијата со систематизација потребно е да се пополнат околу 40 работни места, а до сега се пополнети само пет, но иако бараат Министерството за финансии да им одобри вработувања, од таму ги одбиваат.
„Кога ќе донесете луѓе однадвор, не може да контролирате што се тие ќе гледаат и ќе го дистрибуираат надвор. Мене ми е токму од тоа страв, имињата да појдат во јавност, луѓето да добијат етикета, да добијат статус дека биле соработници,а понатаму судот нека одлучува дали постоеле докази’, рече Гешоски.
Според Чедомир Дамјановски, член на комисијата, потребни се луѓе во оваа институција, но невозможно е за 24 часа да се донесуваат одлуки, макар и за досие од 10 страници за еден човек.
„Нека биде досие од 10 страници за едно лице, да не зборуваме дека за локалните избори ќе имаме 14.000 кандидати, за да донесеме одлука, членот на комисијата треба да го прочита тоа досие, комисијата да поднесе извештај, да го разгледа извештајот, некој ќе побара да го провери досието, и да не бара да го провери досието за тоа лице, сепак, читањето, извештајот, расправата, донесување одлука за тоа досие е неможно да се направи за 24 часа“, рече Дамјановски.
Според Дамјановски новиот Закон е со одредби кои се „укинати од Уставниот суд, одредби со кои се укинува двостепеноста, се преземаат дејанија без тоа решение да е правосилно, има одредби со кои презумпцијата на невиност воопшто не се почитува има и одредби кои се инкопатибилни“.
Во понеделникот новиот Закон за лустрација беше објавен во Службен весник, а треба да стапи на сила на 17-ти овој месец./крај/фф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

