Македонија
СДСМ: Власта е виновна за епидемијата на морбили
СДСМ денеска обвини дека власта е виновна за епидемијата на морбили.
СДСМ денеска обвини дека власта е виновна за епидемијата на морбили.
„Тоа што е сигурно е дека епидемијата на морбили е само последната потврда за неспособноста на надлежните. Единствената мерка која министерот за здравство ја презема во моментот е засилено вакцинирање. Ова повеќе звучи како бизнис идеја, отколку како сериозна здравствена мерка“, рече Добрила Андоновска од СДСМ.
Таа истакна дека масовното вакцинирање никогаш не се практикува во екот на епидемија, затоа што како што рече е потребен период да се создаде имунитет што не е доволно да се спречи епидемијата.
„Од друга страна, нејасно е зошто не се преземаат дополнителни мерки и зошто во оние зони каде епидемијата е најраширена, училиштата и градинките регуларно работат.Министерот за здравство најави задолжителна вакцинација на децата од 6 месечна возраст па нагоре. Зошто дури сега се најавува оваа мерка, а не пред 2 месеци?! Дали министерството требаше да чека епидемијата да се развие, па потоа да предложи ваква мерка?!“, рече Андоновска.
Таа прашува зошто во изминативе години опаднал бројот на вакцинирани лица.
„Дали на министерството наместо приоритет да му биде здравјето на населението, приоритет им е вработувањето на партиски војници во здравствените установи?“, прашува Андоновска./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

