Македонија
Испраќање на дополнителни македонски војници во Авганистан
Дополнителен контингент на Армијата на Република Македонија денеска свечено ќе биде испратен во Авганистан, каде ќе биде дел од наменските сили ,,ФЕНИКС“ на мисијата ИСАФ.
Дополнителен контингент на Армијата на Република Македонија денеска свечено ќе биде испратен во Авганистан, каде ќе биде дел од наменските сили ,,ФЕНИКС“ на мисијата ИСАФ.На свеченото испраќање во касарната Илинден со Скопје ќе присуствуваат Претседателот на Македонија и Врховен командант на Армијата Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Зоран Коњановски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, Амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Филип Рикер, високи претставници од МО и ГШ на АРМ, роднините на припадниците од контингентот и други високи гости.
Во мисијата ,,ФЕНИКС“ во Авганистан задачите ќе ги извршуваат 79 припадници на полкот за специјални операции (пСО) и баталјонот на Воена Полиција (бнВП), кои ќе бидат распоредени заедно со припадниците на Националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт и Армијата на САД.
Основни задачи на контингентот ,,ФЕНИКС“ ќе бидат: обука и менторирање на Авганистанската национална армија и полиција, изведување на заеднички операции за поддршка на мирот и стабилноста на Авганистан, обезбедување на високи личности од воениот персонал на НАТО и ИСАФ, како и делување со коалициските сили на НАТО и САД за поддршка на Авганистанската национална армија и полиција во изградбата на демократијата во Авганистан.
Пред упатувањето во оваа исклучително сложена мисија, припадниците на АРМ поминаа низ долг процес на обука и подготовки, при што тие во ноември минатата година во САД имаа заедничка обука со припадниците на НГ на Вермонт, додека останатиот дел од подготовките беа реализирани на Армискиот полигон ,,Криволак“.
Припадниците на пСО, високиот степен на обученост и професионализам го покажаа низ петгодишното извршување на задачите во мисијата ,,Слобода за Ирак“, додека за припадниците на бнВП ова ќе биде прво распоредување во мисија предводена од НАТО, надвор од Република Македонија. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи Усеини дел од колачот вреден 3 милиони евра, велат од СДСМ
Мицкоски и ДПМНЕ сите тендери ги собраа за себе, па почна да ги раздаваат. Фирмата на контроверзниот Нефи Усеини од Охрид, кадар на ДУИ, добила дел од тендерот вреден 3 милиони евра од Македонија пат, за зимско одржување патишта, истакнуваат од СДСМ.
„Додека секој ден зборуваат за ДУИ пред граѓаните зад грбот им делат тендери.
Никој не може да добие тендер без одобрение на Мицкоски и ДПМНЕ.
Владата на Мицкоски нема пари за земјоделците, нема за сточарите, им ги нема исплатено ниту субвенциите. Но затоа за криминални тендери мора да има пари“.
Дури и парите од ИПАРД 3 програмата, како што додаваат од опозициската партија, посегнаа да ги крадат, по што ЕУ ја суспендираше програмата вредна 130 милиони евра поради корупција.
Прашуваат, дали земјоделците имаат разбирање за ваквото однесување на ДПМНЕ.
Македонија
Утре променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини
Утре променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 , а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Под влијание на влажни воздушни бранови во среда и четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 см. Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Гаши-Спиропали: Албанија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во европските процеси се до конечно надминување на сите потешкотии
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали.
Гаши констатираше дека двете држави градат одлични билтерални односи, со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес. Тој истакна дека се радува на прогресот што Албанија го има при процесот на приближување кон Европската унија и отворање на сите преговарачки кластери согласно новата методологија на ЕУ.
Спиропали истакна дека иако Албанија веќе преговара за членство во Европската Унија, смета дека и останатите држави од Западниот Балкан треба да ја следат и процесот на проширивање треба да продолжи затоа што носи голема трансформација во сите општества на земјите во регионот. Албанија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во европските процеси се до конечно надминување на сите потешкотии што се појавуваат на европскиот пат.
Двајцата соговорници се согласија дека зачленувањето во Европската унија носи големи придобивки за граѓаните на земјите од Западниот Балкан затоа што процесот е реформски и потребно е да се имплементираат домашни задачи, како што е борбата против корупцијата и реформи во правосудните системи.

