Македонија
Иванов – Македонија останува посветена на евроинтеграциите
Без разлика на епилогот на 7. декември во Брисел, Македонија ќе остане посветена на евро и евро-атлантските интеграции и исполнување на важните реформски зафати.
Без разлика на епилогот на 7. декември во Брисел, Македонија ќе остане посветена на евро и евро-атлантските интеграции и исполнување на важните реформски зафати. Ова во петок го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на средбата со евроамбасадорот Ерван Фуере, амбасадорот на Кралството Шведска Ларс Петер Фреден и вршителот на должноста амбасадор на Кралството Шпанија Мариа Анхелес Гарсија де Лара. „За Македонија процесот на евро и евроатлантска интеграција претставува еден од клучните интегрирачки фактори и двигател на реформските процеси. Отпочнувањето на пристапните преговори за Македонија, не само што ќе го потврди кредибилитетот на Унијата и ќе има дополнителен мотивирачки ефект, туку ќе има и позитивни импликации на стабилноста и просперитетот на целиот регион“, рекол Иванов. На средбата што се случи по иницијатива на претседателот Иванов, тој ги запознал дипломатите со суштината на последните случувања во процесот на изнаоѓање решение за проблемот кој Грција го има со нашето уставно име, и воедно, изворно ги информирал за содржината на преговарачкиот процес, соопштуваат от Кабинетот на Претседателот. /крај/бд/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

