Свет
Ки Мун за итна истрага околу смртта на Естемирова
Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун ги повика руските власти да спроведат детална и непристрасна истрага околу околностите за нејзината смрт
Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун ги повика руските власти да спроведат детална и непристрасна истрага околу околностите за нејзината смрт.
“Генералниот секретар е револтиран и ожалостен поради убиството на Наталија Естемирова по нејзиното киднапирање во Грозни“, изјави портпаролката на ООН Мишел Монта.
Естемирова ги истражуваше злоупотребите, убиствата и другите поврдеи на човековите права во Чешенија, што ги направиле руските федерални сили во Втората чеченска војна.
Руското обвинителство соопшти дека основен мотив за убиството на Естемирова е нејзината досегашна работа./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат за 10,9 отсто
Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии повисоки за 10,9 отсто, објавија српските медиуми.
Со одлука на Владата на Србија, просечната пензија ќе биде зголемена од 390 евра на 436 евра. Во локална валута, просечната пензија од 45.700 динари ќе порасне за околу 5.000 динари (2,628 денари).
Од денеска започнува исплатата на пензиите преку поштарите на домашна адреса, додека пензиите исплатени преку банките ќе пристигнат најдоцна до 6 јануари.
Регион
Над 21 милион туристи лани ја посетиле Хрватска
Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на 2023 година, соопшти денеска Министерството за туризам и спорт.
Податоците на Хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра или 11,5 отсто повеќе од 2023 година се издадени во дејности поврзани со туризмот, објави „Јутарњи лист“.
Министерството забележува дека во 2024 година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, е остварен на Јадранот, што е исто така еден процент повеќе од 2023 година, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е на плус пет отсто, а приближно исто толку ноќевања се бележат и во главниот град Загреб, што е за шест отсто повеќе од лани.
Регион
Уште еден земјотрес во Грција, тлото не се смирува
Вечерва, во 19:51 часот, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Крит, најголемиот остров во Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот се наоѓал на 56 километри североисточно од градот Ираклион, додека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 12.58 часот, во областа на Крит.